Посвети му внимание на пронајдениот интерес
1 Кога ги делиме нашите списанија и другите теократски публикации, ја шириме пораката што ја објавувал Исус Христос. Затоа треба да правиме посебни напори да дојдеме повторно кај секој кој покажува интерес.
2 Ако си истакнал посебна статија од Разбудете се! која го интересирала станарот, кога ќе дојдеш повторно изнеси додатни мисли од статијата, вртејќи го својот разговор околу еден клучен стих и можеби околу еден или два пасуси. Ако постои натамошен интерес, укажи дека Разбудете се! му користи на целото семејство. Секое издание обработува различни теми, како што е околината, личното поправање, соочувањето со денешниве проблеми и прашања кои ги засегаат младите. Кога е покажан искрен интерес, дај му на станарот на знаење дека може да добива Разбудете се! на три месеци.
3 Што ако станарот не е заинтересиран за ниту една статија од текуштото Разбудете се!? Наместо да го завршиш разговорот, можеш да ја искористиш оваа прилика повеќе да го запознаеш станарот со делото на Јеховините сведоци така што ќе ги употребиш информациите на страници 172 и 173 од книгата Расудување.
4 Ако претходно си оставил „Стражарска кула“ така што си го употребил 2. Тимотеј 3:1-5 и си ги истакнал информациите на страница 2 од списанието, кога ќе дојдеш повторно можеш да речеш нешто слично на ова:
◼ „Во нашиот претходен разговор дискутиравме за значењето на она што се случува околу нас во денешниов свет. Многу луѓе изгледаат дека го изгубиле интересот за Бог и за неговите мерила за живот како што се изнесени во Библијата. Ова во голема мера влијаело на ставот на луѓето еден кон друг, како што е опишано во 2. Тимотеј 3:1-5. Дали мислите дека постои здрава причина да очекуваме подобри услови во иднината?“ Откако ќе дозволиш коментар, можеш вниманието да го насочиш на 2. Петрово 3:13. Потоа сврти на страници 177-183 во книгата Расудување и истакни што ќе стори Царството за човештвото.
5 На повторната посета, можеби ќе препознаеш дека станарот нерадо дискутира за својата религија, сметајќи дека тоа е сосем лична работа. Можеш да речеш нешто слично на ова:
◼ „Со толку многу религии во свет кој станува сѐ помал и помал со помош на сѐ побрзиот превоз и комуникации, влијанието на различните вери се чувствува насекаде, сеедно дали тоа ни се допаѓа или не. Затоа, разбирањето на гледиштето на другиот може да води до поосмислена комуникација меѓу луѓето од различни вери. Тоа може да растера некои омрази кои се темелат на религиозни верувања. Што мислите вие?“ Откако ќе дозволиш коментар, вниманието на станарот сврти го на Содржината на книгата Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата.
6 Да го вложиме секој напор да ги посетиме сите кои покажуваат интерес за вистината и да им помогнеме на патот кој води до вечен живот (Јован 4:23, 24).