Започнување на библиски студии во декември
1 Исус им заповедал на своите ученици да бидат учители на добрата вест (Мат. 28:19, 20). Наш главен начин на кој ги поучуваме другите е водењето библиски студии. Дали учествуваш во ова дело? Ако не, како можеш да започнеш студија за да можеш да се радуваш на уште поголем удел во поучувањето на другите?
2 Можеби сме му дале на станарот трактат и сме му ветиле дека ќе дојдеме повторно за да зборуваме за она што тој го содржи.
Кога посетуваме станар на кој сме му го оставиле трактатот „Ќе преживее ли овој свет?“, би можеле да речеме:
◼ „Кога бев овде пред неколку дена, дискутиравме за итноста на нашето време и дека Исус точно ги опишал условите кои постојат денес. Би сакал за неколку минути, накратко да разгледаме некои информации од трактатот што ви го оставив. Забележете што е наведено под поднасловот ‚Знакот‘.“ Сврти на 3. страница од трактатот и разгледајте ги првите два или три пасуси под тој поднаслов и прочитај ги цитираните библиски стихови колку што допушта времето. Нагласи како Исусовото пророштво се исполнува денес. Договори да дојдеш повторно и да ги поминете другите пасуси под овој поднаслов. Охрабри го станарот да го прочита материјалот пред да навратиш.
3 Или можеш да речеш нешто како ова:
◼ „Последниот пат кога разговаравме, ви го оставив трактатот со наслов Ќе преживее ли овој свет? Тогаш зборувавме за улогата на Исус Христос во светските прилики. Ги прочитавме неговите зборови запишани во Библијата во Јован 17:3. [Прочитај.] Со оглед на тоа дека е неопходно да научиме за Бог и Исус ако сакаме вечен живот, вреди да го сториме она што го можеме за да го стекнеме таквото спознание. Кога бил на Земјата, Исус ги одразил многуте прекрасни особини на Бог. Зарем не е разумно да се верува дека колку повеќе сознаваме за Исус и неговата служба, толку повеќе сознаваме за неговиот Татко? [Дозволи одговор.] Забележете што вели оваа книга, Најголемиот човек кој некогаш живеел.“ Прочитај го првиот и вториот пасус на десеттата страница од 116. поглавје. Нагласи дека оваа книга ги содржи сите информации од четирите Евангелија за Исус и ги подредува настаните по редот по кој се одвивале. Покажи наслови на специфични поглавја, илустрации и картата на почетокот на книгата. Ако лицето е искрено заинтересирано, понуди му ја публикацијата.
4 Откако ќе го поздравиме станарот кој зел книга „Најголемиот човек“, би можеле да речеме:
◼ „Како што споменав при претходната посета, книгата Најголемиот човек е наменета за проучување на Библијата. Би сакал накратко да ви покажам како може најделотворно да се користи.“ Отвори ја книгата на 1. поглавје, „Пораки од небото“. Сврти му го вниманието на станарот на отпечатените прашања. Прочитај го првото прашање, потоа разгледај ги уводните пасуси. Поврзи со илустрацијата на втората страница. Продолжи со останатите прашања и истакни ги одговорите ако допушта времето. Пред да завршиш со посетата, договори се да дојдеш повторно и да го продолжите разговорот.
5 Ако задржиме позитивен став, добро се подготвуваме и ја користиме секоја прилика, ќе бидеме добро опремени да започнеме библиска студија во декември.