Поттикнувај го растот преку осмислени повторни посети
1 За да им помогнеме на оние кои покажале интерес, битно е и понатаму да им овозможуваме доток на духовна храна преку редовни повторни посети. Нашите посети постепено ќе помагаат да се поттикне нивниот духовен раст (1. Кор. 3:6-9). Сепак, за нашите посети да бидат осмислени, неопходно е однапред да се подготвуваме, имајќи го на ум тоа лице.
2 Посетување на оние на кои сме им оставиле трактат: На првата посета можеби е оставен трактатот Мирољубив нов свет.
По кратко повторување на она што сме дискутирале, можеме да прашаме отприлика вака:
◼ „Каква влада би можела да ги направи овие промени? [Дозволи одговор.] Бездруго и вие би се радувале да живеете во вакви услови. Како можеме ние лично да уживаме вакви услови?“ Потоа може да се разгледа материјалот под поднасловот „Како можеш и ти да учествуваш“. Ако е покажан интерес, вниманието може да се насочи на книгата Живеј засекогаш, погл. 15, „Како се станува поданик на Божјата влада“. Можеме да ги дискутираме првите два пасуси, а потоа да го поставиме прашањето: „Како треба да влијае на нас учењето за Бог?“ Може да се договорите да го разгледате прашањето и да дискутирате повеќе за поглавјето при следната посета.
3 Кога ги посетуваме оние на кои сме им ја оставиле брошурата „Се грижи ли Бог навистина за нас?“, можеме да речеме:
◼ „Последниот пат кога ве посетив зборувавме за многуте проблеми со кои се соочува човештвото и за она што го ветува Бог во врска со нив. Сепак, зошто допуштил Бог страдањата да постојат толку долго? Интересен одговор се наоѓа во дел 6 од брошурата што ја разгледавме“. Замоли го станарот да ја земе својата ако му е при рака. По разгледување на неколку пасуси, можеме да прашаме: „Што треба да направиме за да извлечеме корист од Божјите ветувања?“ Материјалот во дел 11, „Сега се формира темелот за новиот свет“, на стр. 28-31, може да се предложи за дискусија на следната посета.
4 Посетување на оние на кои сме им оставиле списанија: Ако си избрал специфична статија што го интересирала станарот, изнеси додатни мисли од таа статија кога ќе дојдеш повторно, сосредоточувајќи ги коментарите на еден клучен библиски стих и на материјалот за кој се зборува. Ако и понатаму постои интерес, може да се дискутира за користа од списанијата. Исто така, вниманието може да се насочи на следниот број од списанието, ако содржи статија која ја обработува истата тема. Инаку, можеме да го насочиме вниманието на материјалот на таа тема од книгата Живеј засекогаш и да се договориме да зборуваме за неа на следната посета.
5 Нашиот личен интерес што го покажуваме при контактирањето и осмислените повторни посети ќе ја покажат нашата љубов кон луѓето и кон Јехова (Јован 13:34, 35). Да продолжиме да го поттикнуваме духовниот раст на луѓето на нашето подрачје така што редовно ќе правиме осмислени повторни посети.