Поттикни ги да станат негови следбеници
1 Во 1. Коринтјаните 3:6, Павле напишал: „Јас посадив, Аполос поли, но Бог направи да израсте“. Павле го употребил овој начин на резонирање за да им помогне на своите браќа да ја увидат потребата од обединето работење под Христовото поглаварство. На овој начин тој исто така им помогнал да сфатат колку е битна улогата што ја играат во важното дело на садење и полевање.
2 Тоа животоспасувачко дело треба да биде завршено токму во ова време. Како предадени христијани, ја делиме сериозната одговорност да им помогнеме на другите да станат Исусови следбеници (Дела 13:48). Како, со помош на книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел, ќе го следиш интересот што си бил во можност да го подбудиш?
3 Ако вршиш посета кај лице кое зело книга, можеш да речеш:
◼ „Последниот пат дискутиравме за тоа каков бил Исус Христос како човек. Ми беше драго да Ви ја оставам книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел. Што Ви остави најголем впечаток во врска со Исусовите учења и неговата личност?“ Дозволи одговор. Сврти кај 113. поглавје и дискутирај за Исусовиот прекрасен пример на понизност. Прочитај Филипјаните 2:8 за да покажеш како гледал апостол Павле на Исусовиот понизен став. Потоа можеш да објасниш колку повеќе можеме да научиме преку редовно проучување на Библијата.
4 Можеби ќе го претпочиташ следниов увод:
◼ „Зборувавме за работи кои Исус ги направил додека бил на Земјата, што покажува дека тој навистина се грижи за нас. Што мислите дека конечно ќе стори за да ги ослободи оние кои страдаат толку многу?“ Дозволи одговор. Сврти на 133. поглавје и разгледај ги коментарите во петтиот пасус. Сврти кај сликата на следната страница и објасни како ќе изгледа кога ќе се врши Божјата волја и на Земјата како на небото. Укажи на користа што може да се извлече ако се дознае повеќе за тоа.
5 Ако немало доволно голем интерес за да ја понудиш книгата, можеби ќе можеш да го започнеш твојот разговор на следниов начин:
◼ „Мислам оти обајцата се сложуваме дека многу луѓе денес го обликуваат нивниот живот според некоја личност што ја земаат за свој пример. Исус Христос е најдобрата личност што некој може да ја земе за пример. Би сакал да Ви покажам и Вам една важна поука што ја извлеков преку проучувањето на примерот што го дал Исус. [Сврти на 40. поглавје во книгата Најголемиот човек и насочи го вниманието на Исусовата доброљубива поука за милосрдноста.] Ова на еден силен начин ме потсети колку повеќе треба јас лично да ја покажувам оваа особина кон другите.“ Прочитај Матеј 5:7. Ако изгледа дека сега постои поголем интерес, понуди му ја книгата или брошурата Се грижи ли Бог навистина за нас?
6 Или, можеби сакаш да се обидеш со следниов директен пристап:
◼ „Последниот пат кога бев овде, дискутиравме за важноста на стекнувањето спознание за Исус. Јован 17:3 вели дека „животот вечен е тоа“ да се стекнува такво спознание. Како да го сториме тоа?“ Дозволи одговор. Продолжи така што ќе објасниш како се води библиска студија и како се извлекува корист од неа.
7 Павле вели дека работникот во една жетва „ќе ја добие својата награда според својот труд“ (1. Кор. 3:8). Ако силно се напрегаме да им помогнеме на другите да станат Исусови следбеници, нашата награда сигурно ќе биде голема.