ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 11/96 стр. 4
  • „Ова значи вечен живот“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Ова значи вечен живот“
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Сличен материјал
  • Спознанието од Бог одговара на многу прашања
    Нашата служба за Царството 1997
  • Ширење на спознанието кое води до вечен живот
    Нашата служба за Царството 1996
  • Спознанието за вистинскиот Бог води до живот
    Нашата служба за Царството 1996
  • Помогни им на другите да го стекнат спознанието кое води до вечен живот
    Нашата служба за Царството 1996
Повеќе
Нашата служба за Царството 1996
km 11/96 стр. 4

„Ова значи вечен живот“

1 Исусовите зборови запишани во Јован 17:3 (НС) треба да се сфатат сериозно. Тој навистина го мислел она што го рекол — примањето спознание за Бог и за Христос значи вечен живот! Но, дали само преку нашето поседување спознание за Јехова и за Исус ќе бидеме наградени со вечен живот? Не. Израелците знаеле дека Јехова е нивни Бог, но нивниот животен пат не ја одразувал таа вера. Како последица на тоа, тие ја изгубиле неговата наклоност (Оси. 4:1, 2, 6). Денес, милиони луѓе можеби „имаат ревност за Бога, но не по разумот [според точното спознание, НС]“ (Рим. 10:2). Тие треба да го познаваат Јехова, „единствениот вистинит Бог“, и да научат како правилно да му служат. За таа цел, во текот на ноември ќе ја нудиме книгата Спознание кое води до вечен живот. Каков пристап ќе користиш во презентирањето на книгата Спознание? Еве некои предлози што можеби ќе ти помогнат.

2 Со оглед на тоа што идејата за вечен живот на Земјата за повеќето луѓе е нова, овој увод би можел да го плени нивниот интерес:

◼ „На нашите соседи им поставуваме едно прашање. Ако сте поканети да живеете засекогаш во еден свет како овој, дали би ја прифатиле поканата? [Покажи ја сликата на страници 4, 5 во книгата Спознание. Дозволи одговор.] Ова навистина може да стане Ваше радосно искуство во животот. Но, што мислите, што би требало да правите за да видите тоа да стане реалност за Вас? [Дозволи одговор.] Забележете каква постапка се бара според Јован 17:3. [Прочитај.] Оваа книга им помага на многумина да го стекнат овој посебен вид спознание. Дали би сакале да имате за читање личен примерок? [Дозволи одговор.] На мојата следна посета, можеме да дискутираме зошто е разумно да веруваме дека можеме да постигнеме вечен живот токму тука на Земјата“.

3 Кога се враќаш за да ги посетиш оние со кои си дискутирал за Јован 17:3, би можел да продолжиш на овој начин:

◼ „За време на мојата последна посета, Ви ги прочитав Исусовите фасцинантни зборови кои се наоѓаат во Јован 17:3, каде што тој нѐ уверува дека примањето спознание за Бог и за него значи вечен живот. Но, многу луѓе веруваат дека подобар живот може да се постигне само на небото. Што мислите Вие за тоа? [Дозволи одговор.] Ако Ви е при рака книгата што Ви ја оставив, би сакал да Ви покажам некои библиски стихови што докажуваат дека Рајот ќе биде обновен на Земјата. [Дискутирај за пасусите 11—16, на страници 9, 10 од книгата Спознание.] На мојата следна посета би сакал да Ви покажам зошто можете да имате доверба во овие ветувања што се наоѓаат во Библијата. Во меѓувреме, можеби ќе можете да го прочитате 2. поглавје во Вашиот примерок од книгата“.

4 Еве една презентација што можеби ќе сакаш да ја користиш кај луѓе кои се религиозно настроени:

◼ „Разговараме со нашите соседи во врска со тоа зошто има толку многу различни религии во светот. Само во Соединетите Држави постојат околу 1.200 религиозни деноминации, а преку 10.000 во целиот свет. Сепак, постои само една Библија. Според Ваше мислење, зошто постои оваа збрка од религии? [Дозволи одговор. Отвори ја книгата Спознание кај 5. поглавје и прочитај го 1. пасус.] Ако го прочитате ова поглавје, ќе добиете задоволувачки одговори на овие прашања. Ќе бидам среќен да Ви ја оставам книгата ако сакате да ја испитате“. Ако е прифатена, направи јасни подготовки за да навратиш и кажи: „Кога ќе се вратам, можеби ќе можеме да дискутираме за тоа дали сите религии се едноставно различни патишта кои водат до исто место“.

5 Кога навраќаш за да ја продолжиш дискусијата во врска со тоа зошто има толку многу религии, би можел да го кажеш ова:

◼ „Кога последниот пат зборував со Вас, го покренав прашањето дали сите религии се само различни патишта што водат до истото место. Што мислите за тоа? [Дозволи одговор.] Би сакал да Ви покажам од книгата што Ви ја оставив, што рекол Исус во врска со таа работа. [Сврти кај 5. поглавје од книгата Спознание и прочитај ги пасуси 6, 7, вклучувајќи го и Матеј 7:21—23.] Можеби се чудите зошто е толку важно да се знае точно која е Божјата волја. Ќе увидите дека следните пасуси се многу информативни. Ве молам, прочитајте го остатокот од ова поглавје. Следниот пат кога ќе дојдам, ќе ми биде задоволство да Ви ја покажам вредноста од тоа да се има точно библиско спознание“.

6 Еден директен пристап честопати е успешен за започнување библиски студии. Тука е предложен уводот што се појавува на страница 3 во брошурата „Како да се започнат и продолжат библиски дискусии“:

◼ „Ве посетувам за да Ви понудам бесплатен домашен библиски курс. Ако смеам, би сакал само за неколку минути да Ви покажам како луѓето во околу 200 земји ја разгледуваат Библијата дома како семејство. Можеме да избереме која било од овие теми, како темел за разговор. [Покажи му ја содржината од книгата Спознание.] Која посебно Ве интересира?“ Чекај додека лицето избере. Сврти кај поглавјето што го избрало и започни студија со првиот пасус.

7 Еве друг успешен директен пристап со кој би можел да се обидеш да започнеш студии:

◼ „Давам бесплатни библиски лекции и во мојот распоред имам отворени термини за додатни ученици. Ова е библиското помошно средство за проучување кое го користиме. [Покажи ја книгата Спознание.] Курсот трае само неколку месеци и дава одговори на такви прашања, како што се: ‚Зошто Бог допушта страдање? Зошто старееме и умираме? Што се случува со нашите блиски кои умреле? И како можеме да му се приближиме на Бог?‘ Потоа прашај: „Може ли да Ви покажам како изгледа студијата?“ Ако понудата на студија е одбиена, прашај го лицето дали би сакало да ја има книгата Спознание за да ја чита само. Ако ветува дека ќе ја чита, остави му примерок.

8 Какво само богатство е точното спознание за Бог и за Исус за секој што го поседува! Ако се прима, тоа вистински значи вечен живот во совршени околности. Да ја користиме секоја прилика во текот на ноември за да го споделуваме со другите спознанието кое води до вечен живот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели