Помогни им на другите да „се придржуваат кон работите што се запишани“
1 Не е доволно да се „слушаат“ зборовите на пророштвата од книгата Откровение. За да извлече најголема корист, човек мора да ‚се придржува‘ кон она што е запишано (Откр. 1:3, НС). Оставањето на литература е само почетен чекор кон правењето ученици. Кога еднаш ќе најдеме интересенти што се спремни да слушаат, треба набрзо да дојдеме повторно за да им помогнеме да научат повеќе. За што можеме да зборуваме на повторната посета?
2 Ако на првата посета сте зборувале за симболичните четири јавачи, можеш да го започнеш разговорот вака:
◼ „Претходно зборувавме за книгата Откровение и за тоа како нејзините пророштва се исполнуваат денес во светските настани. Во Откровение 6. поглавје е проречен галопот на симболичните четири јавачи, од што ќе произлезат големо насилство и неволји на Земјата. Гледаме како тоа се разоткрива пред наши очи. Многумина се прашуваат кога ќе завршат овие неволји за да можеме да живееме во мирољубив свет. Што мислите Вие? [Дозволи одговор.] И Исусовите ученици биле заинтересирани за одговорот на ова прашање.“ Прочитај Матеј 24:3, каде што е поставено тоа прашање, а потоа 34. стих, каде што Исус го дава одговорот. Ако реакцијата е позитивна, објасни му нешто повеќе за последните денови.
3 Ако на првата посета сте дискутирале за Божјето Царство, можеби ќе одлучиш да продолжиш со следново прашање:
◼ „Според Ваше мислење, каква влада е потребна за да се задоволат сите потреби на човештвото? [Дозволи одговор. Прочитај Јеремија 10:23.] Како што гледате, Бог никогаш немал намера човекот сам да управува со работите на Земјата. Обидите да го прави тоа без Божја помош се причина за повеќето проблеми што ги имаме. Божјето Царство е единствената влада која може да ни го обезбеди она што ни е потребно.“ Сврти на 180. страница во книгата Расудување, па дискутирајте за библиските стихови од третиот поднаслов. Продолжи ја дискусијата со тоа што ќе му објасниш зошто можеме да имаме потполна доверба во Бог.
4 Можеби ќе се обидеш да започнеш библиска дискусија на следниов начин:
◼ Покажи ја илустрацијата на 302. страница во книгата Откровение, и објасни: „Човештвото ќе ги ужива овие услови кога ќе се врши Божјата волја и на Земјата како на небото. Меѓутоа, некои се плашат дека лошите услови ќе настапат повторно. Тоа е невозможно бидејќи ќе исчезнат сите зли“. Прочитај Псалм 36:10, 11. Предложи му на станарот да извлече корист од нашата програма за библиска студија и да научи повеќе.
5 Ако си го оставил трактатот „Живот во мирољубив нов свет“ Укажи на насловната илустрација и потоа прочитај го првиот пасус под насловот „Живот во Божјиот нов свет“. Потоа речи:
◼ „Ако сакаме да живееме во еден ваков свет, мораме да направиме нешто што е многу важно“. Прочитај го последниот пасус и понуди ја книгата Откровение.
6 Бидејќи нашата цел е да започнеме библиски студии, треба да правиме делотворни повторни посети. Испланирај време за нив и добро подготви се. На овој начин ќе можеме навистина да им помогнеме на луѓето со чесни срца (Откр. 22:6, 7).