Да ја презентираме добрата вест со чувство на итност
1 Ние го покажуваме нашето длабоко ценење кон ветувањата на Божјето Царство така што со цело срце учествуваме во христијанската служба. Треба да учествуваме во ова дело со чувство на итност. Зошто? Затоа што работници има малку, крајот на овој злобен систем на ствари е сѐ поблизу и животите на оние кои се на нашето подрачје се на коцка (Езек. 3:19; Мат. 9:37, 38). Ваквата тешка одговорност бара да вложиме колку што е можно поголем труд во службата. Како можеме да покажеме чувство на итност што се однесува до активноста во службата на подрачјето? Така што однапред ќе подготвуваме добри презентации, трудољубиво ќе ги пронаоѓаме луѓето секаде каде што можат да се најдат, ќе водиме точен извештај за сите кои покажуваат интерес со тоа што навреме ќе навраќаме за да го проследиме интересот и ќе запомниме дека, со оглед на тоа што се работи за животи, треба сериозно да ја сфатиме нашата служба. Следниве предлози можеби ќе ни бидат од помош додека се подготвуваме во текот на февруари да ја презентираме добрата вест со чувство на итност. Ќе ја нудиме книгата Откровение — Близу е неговата величествена кулминација!
2 Можеби ќе можеш да започнеш разговор со тоа што кратко ќе спомнеш некои проблеми со кои се соочува граѓанството, а потоа ќе кажеш:
◼ „Многу луѓе веруваат дека постои Бог, но се прашуваат: ‚Каква иднина ни посакува тој?‘ Како Вие би одговориле на тоа? [Дозволи одговор.] Дали сте знаеле дека Библијата јасно ја образложува Божјата волја за човештвото и чекорите што Бог ги презема за да ја исполни?“ Сврти на страница 301 во книгата Откровение. Прочитај го стихот од Откровение 21:1 во 1. пасус, а потоа прочитај го објаснувањето кое е дадено за него во последната половина од 2. пасус. Сврти кај сликата на страница 302 за да илустрираш што значи тоа за нашата иднина. Прочитај го стихот од Откровение 21:4 во 6. пасус. Доколку има добра реакција, понуди ја книгата. Немој да заборавиш да објасниш дека нашето светско дело се поддржува со донации. Договори да навратиш во погодно време за да го продолжиш разговорот.
3 Би можел да ја продолжиш претходната дискусија за Откровение 21:1, 4 со следнава кратка презентација:
◼ „При мојата последна посета, разговаравме за Божјето ветување да подготви едно ново земно општество за човештвото. [Повторно обрни внимание на сликата на страница 302 во книгата Откровение.] Дали би сакале да доживеете Вашето семејство да ужива во вакви околности? [Дозволи одговор.] Но, се наметнува прашањето: ‚Колку се веродостојни Божјите ветувања?‘ Ве молам, забележете што вели самиот тој“. Прочитај Откровение 21:5, 6а во 8. пасус на страница 303. Постави го отпечатеното прашање за 9. пасус на страница 303 и прочитај го одговорот, вклучувајќи ја и последната реченица од пасусот. Спомни ја понудата на бесплатна библиска студија. Договори да ја прикажеш подоцна.
4 Со оглед на тоа што многумина се загрижени за сѐ поголемите проблеми со кои се соочува човештвото, на првата посета би можел да кажеш нешто како ова:
◼ „Скоро секој е загрижен за проблемите со кои се соочува нашата заедница. [Спомни неколку.] Политичарите со децении ветуваат дека ќе донесат трајни решенија, а некои и се обиделе да го сторат тоа. Според Ваше мислење, која е причината што проблемите и понатаму се влошуваат? [Дозволи одговор.] Библијата нуди едно објаснување кое повеќето луѓе никогаш не го разгледале. Книгата Откровение опишува една војна која се случила на небото. Забележете го исходот што е запишан во Откровение 12:9“. Прочитај го стихот, потоа сврти на страница 182 во книгата Откровение. Употреби ја сликата за да објасниш дека во светските работи е вмешан Сатана. Доколку е покажан искрен интерес, понуди ја книгата и спомни ја подготовката за донации. Направи планови за да навратиш и да дискутираш за тоа како Бог ќе ги реши проблемите на човештвото.
5 Ако си ветил дека ќе навратиш за да го објасниш Божјето решение за денешните проблеми, би можел да се обидеш со овој пристап:
◼ „Направив посебен напор да навратам за да можеме да ја продолжиме нашата дискусија за вистинското решение на проблемите со кои се соочува човештвото. При мојата последна посета видовме дека Библијата го идентификува Сатана Ѓаволот како оној кој ја заведува целата населена Земја. Со оглед на тоа што тој е натчовечко духовно суштество, што мислите, дали постои начин за да биде отстрането неговото влијание? [Дозволи одговор.] Ве молам, забележете што вели Библијата“. Прочитај ги и објасни ги стиховите од Откровение 20:1—3. Користејќи ја сликата на страница 4, 5 од книгата Спознание, покажи какви ќе бидат околностите без влијанието на Сатана. Понуди библиска студија и настојувај да ја започнеш на лице место.
6 Со оглед на тоа што многу луѓе се заинтересирани за околината, за да започнеш разговор, би можел да кажеш нешто како ова:
◼ „Ние увидовме дека речиси секој е загрижен поради загадувањето на нашиот воздух, водата и храната. Во некои земји состојбата со околината веќе му се заканува на животот. Со оглед на тоа што Бог е Творец на Земјата, според Ваше мислење, што ќе стори тој во врска со тоа? [Дозволи одговор.] Библијата вели дека Бог ќе бара сметка за начинот на кој ја користиме планетата. [Прочитај Откровение 11:18б.] Замислете си да живеете на Земја која е ослободена од сета загаденост!“ Истакни го Божјето ветување за рај, што е дадено во Откровение 21:3, 4. Покажи ја сликата на страница 302 во книгата Откровение. Ако големината на интересот го оправдува тоа, понуди ја книгата и договори се да навратиш. Дај му на лицето можност да даде донација.
7 Кога навраќаш кај некој кој покажал интерес за рајската Земја, би можел да кажеш:
◼ „При мојата последна посета се сложивме дека за да го реши проблемот со загадената Земја, Бог ќе мора да интервенира во човечките работи. Но, прашањето е: ‚Што мораме ние да правиме за да преживееме во праведниот нов свет што ќе го воспостави Бог?‘“ Прочитај Јован 17:3. Покани го домаќинот да го искористи нашиот курс за бесплатна библиска студија за да го добие ова посебно спознание.
8 Колкава само предност е да бидеме употребувани како работници во современата жетва и да извршуваме едно животоспасувачко проповедничко дело! Нека сите ние и понатаму бидеме зафатени со презентирањето на добрата вест со чувство на итност, ‚знаејќи дека трудот наш нема да биде залуден‘ (1. Кор. 15:58).