Откровението — клуч за вистинска среќа
1 Зборовите на апостол Јован од Откровение 1:3 (НС) се добра вест за нас бидејќи ни кажуваат како да најдеме среќа. Тој напишал: „Среќен е оној што чита гласно и оние што ги слушаат зборовите на ова пророштво и се придржуваат кон работите што се напишани во него“. Книгата Откровение — Близу е неговата величествена кулминација! им помогнала на многумина да пронајдат вистинска среќа. Имаме добра причина да им ја нудиме на другите.
2 Можеби ќе можеш да започнеш разговор со ова прашање:
◼ „Што мислите, дали библиската книга Откровение била наменета за да се разбере или требало засекогаш да остане тајна? [Дозволи одговор.] Многумина го имаат Вашето гледиште. Забележете што вели Библијата во Откровение 1:3. [Прочитај.] Значи, Откровението може да се разбере, а спознанието што го содржи може да ни донесе среќа. Како е можно тоа?“ Разгледај ги мислите од 2. пасус на 6. страница, а потоа речи: „Оваа публикација ја разгледува книгата Откровение стих по стих. Таа со право ќе го заслужи Вашето време додека ја прочитате. Со задоволство ќе Ви го оставам овој примерок“.
3 Бидејќи многумина се загрижени за тоа како да ги задоволат своите материјални потреби, следново би можело да поттикне некаков интерес:
◼ „Што мислите, која е нашата најголема потреба? [Дозволи одговор.] Многумина се убедени дека најпотребни ни се материјалните работи“. Сврти на 73. страница и разгледај ги главните точки од рамката со наслов „Материјализмот против мудроста“. Потоа речи: „Ова покажува дека на физичките работи се става преголем акцент; треба да бидеме позаинтересирани за нашите духовни потреби. Она што навистина ни е потребно е спознание. Но, какво спознание?“ Прочитај Јован 17:3 и објасни како може спознанието за Бог да води до вечен живот. Понуди да ја оставиш книгата и повторно да дојдеш за да покажеш како таа изнесува прекрасни информации во врска со Божјата намера да ги задоволи сите потреби на човештвото.
4 Бидејќи многумина се загрижени за неволјите во светот, би можел да се обидеш со следново:
◼ „Секој со кој разговарам е загрижен за иднината. Некои светски лидери сметаат дека се наоѓаме на прагот на една нова ера на мирот. Што мислите Вие за тоа? [Дозволи одговор.] И покрај сите човечки напори, насилството и неволјите сѐ уште се во пораст низ целиот свет. Библијата го открива единственото трајно решение за овие проблеми. [Прочитај 2. Петрово 3:13. Сврти на илустрацијата на 302. страница и објасни на кој начин Божјето небесно Царство ќе донесе траен мир и сигурност на оваа Земја.] Оваа публикација ќе Ви помогне да видите како можете да бидете дел од ова ново друштво луѓе кои ќе се радуваат на вечен живот под власта на Божјето Царство“.
5 Ако сретнеш некој што е зафатен и мораш да бидеш краток, би можел да го кажеш ова:
◼ „Бидејќи имате само малку време, би сакал да Ви го оставам овој трактат [или статија од некое списание] со наслов [избери соодветен трактат или статија]. Ве охрабрувам да го прочитате. Следниот пат кога ќе навратам, би сакал да знам што мислите за него“.
6 Кога ја нудиш нашата литература, дај им можност на другите да го покажат своето ценење со тоа што ќе приложат за трошоците на светското дело на проповедање. Таквото давање ќе ја зголеми среќата што ќе ја доживеат со тоа што ќе го распознаат значењето на прекрасните пророштва од Откровението (Изр. 3:13).