Спознанието за вистинскиот Бог води до живот
1 „Ова значи вечен живот“, рекол Исус во молитва до неговиот Татко, „да примаат спознание за тебе единствениот вистинит Бог“ (Јован 17:3, НС). Колку благородна награда е тоа! Користејќи ја публикацијата Спознание кое води до вечен живот, ние можеме да им помогнеме на другите да научат што треба да прават за да живеат вечно. Што можеме да кажеме за да го побудиме нивниот интерес и да ги поттикнеме да имат желба да ја читаат книгата Спознание?
2 Може да употребиш презентација која ја истакнува Библијата како практичен извор на водство, велејќи:
◼ „Разговараме со нашите соседи за тоа каде да се пронајде практичен извор на водство за да се излезе накрај со животните проблеми. Во минатото, многу луѓе најпрвин се обраќале кон Библијата. Но сега ставот на луѓето се променил; многумина се скептични во врска со Библијата, сметајќи ја едноставно за книга напишана од луѓе. Какво е вашето мислење? [Дозволи одговор.] Постои една многу добра причина зошто може да се каже дека Библијата е практична за наше време. [Читај 2. Тим. 3:16, 17.] Библиските начела денес важат исто толку колку и во времето кога Бог го инспирирал запишувањето на Библијата“. Сврти на 16. страница во книгата Спознание, и прокоментирај накратко за практичното водство кое се наоѓа во Исусовата Проповед на гората. Прочитај го цитатот што се наоѓа во 11. пасус или оној во 13. пасус. Понуди ја книгата, и договори се да навратиш пак за да одговориш на прашањето: Како можеме да извлечеме лична корист од спознанието што се наоѓа во Библијата?
3 Бидејќи молитвата е тема за која се интересираат многу луѓе, можеби ќе сакаш да дискутираш за тоа така што ќе прашаш:
◼ „Дали мислите дека молитвата може да биде од вистинска помош за нас, имајќи ги предвид сите предизвици со кои мора да се соочиме во современиот живот? [Почекај одговор.] Многумина чувствуваат дека му се приближиле на Бог со тоа што му се молеле и дека тоа им дало внатрешна сила, коешто е всушност токму она што го ветува Библијата. [Отвори ја книгата Спознание на страница 156 и прочитај Филипјаните 4:6, 7.] Меѓутоа, некое лице може да мисли дека понекогаш неговите молитви остануваат неодговорени. Ова поглавје зборува за тоа ‚Како можеме да му се приближиме на Бог‘. [Понуди ја книгата, и спомни ги подготовките за донации за светското дело.] Ова поглавје исто така објаснува како можеме ние да го слушаме Бог, бидејќи комуникацијата со него не е еднострана. За тоа може да разговараме кога ќе дојдам следниот пат“.
4 Би сакал ли да испробаш еден директен пристап за започнување студија? Еве еден кој може да биде делотворен за тебе:
◼ „Ние нудиме бесплатна домашна библиска студија. Дали некогаш сте посетувале библиски курс? [Дозволи одговор.] Дозволете да Ви го покажам помагалото кое го користиме за проучување“. Покажи ја книгата Спознание, сврти на 3. страница за станарот да може да ја види содржината, и прашај: „Сте се запрашале ли некогаш што има да каже Библијата во врска со овие теми?“ Сврти на поглавјето за кое станарот покажува најголем интерес и прочитај ги поднасловите. Објасни дека би сакал накратко да демонстрираш како ги разгледуваме овие информации во нашиот курс за проучување. Било да е започната студија или не, остави ја книгата ако лицето ветува дека ќе ја чита.
5 Денес, мноштво луѓе се одѕиваат на точното спознание за вистинскиот Бог (Иса. 2:2-4). Имаме предност да им помагаме на колку што е можно повеќе лица да учат за Јехова и да бидат водени до живот (1. Тим. 2:4).