ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/96 стр. 1
  • Спремно да се понудиме

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Спремно да се понудиме
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Сличен материјал
  • Спремно да се понудиме за секое добро дело
    Нашата служба за Царството 1995
  • Како може да ја зголемиш својата служба?
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Покажувај ценење за полновремените слуги
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Можеш ли да сториш повеќе за да му оддаваш чест на Јехова?
    Нашата служба за Царството 1993
Повеќе
Нашата служба за Царството 1996
km 12/96 стр. 1

Спремно да се понудиме

1 Псалмистот Давид прорекол дека Јеховиниот народ „спремно ќе се понуди“, односно како „навремени волонтери“ (Псал. 109:3, НС, фуснота). Ова секако се исполнува меѓу нашето светско братство. Во текот на секоја од изминатите четири службени години, во ширењето на добрата вест за Царството, Јеховиниот народ посветил по повеќе од милијарда часови. А, освен делото на проповедање и правење ученици, постојат и многу други начини на кои можеме спремно да се понудиме за да им помагаме на другите.

2 Начини на кои можеме да ја покажеме нашата спремност: На некои во собранието можеби им треба помош за да доаѓаат на состаноците. Зошто доброволно не се јавиш за да ги земеш со себе? Други можеби се болни, немоќни или в болница. Би можел ли да преземеш иницијатива да ги посетиш или да им помогнеш на некој начин? Можеби има некој поединец или семејство на кое му треба охрабрување. Дали си помислил да ги поканиш таквите повремено да учествуваат на вашата семејна студија? На некој пионер или објавител можеби му треба друштво за во служба. Зошто да не се понудиш да работите заедно во службата? Ова се некои начини на кои можеме доброволно да им правиме добро на оние кои се поврзани со нас во верата (Гал. 6:10).

3 Браќата можат да ја покажат својата спремност да бидат користени во Јеховината организација со тоа што ќе настојуваат да ги исполнуваат условите за старешини и слуги помошници (1. Тим. 3:2—10, 12, 13; Тит 1:5—9). Додека продолжуваме бројно да растеме, постои потреба за оспособени браќа кои се спремни да преземат водство во проповедањето и поучувањето, како и во пастирењето на собранијата (1. Тим. 3:1, НС).

4 Можеби некои од нас можат да се дадат на располагање во Јеховината служба во поголема мерка со тоа што одвреме навреме ќе се пријавуваат како помошни пионери. Исто така, со малку разумни прилагодувања во нашиот распоред, би можеле да го правиме тоа постојано или дури да започнеме со општа пионерска служба. Дали нашите околности се такви што би можеле да се преселиме во подрачје каде што постои поголема потреба за помош? Дали би можеле да се ставиме на располагање да служиме во Бетел и на тој начин директно да придонесуваме за напредокот на светското дело? Исто така, многу се прави во изградбата на Сали на Царството, конгресни сали и објекти на подружницата ширум светот, каде што многу се бара спремноста за работа. Оние кои се понудиле за овие добри дела се многу ценети и се богато благословени! (Лука 6:38).

5 Ова се возбудливи времиња. Јехова, со помош на својот дух, на Земјата извршува извонредно дело со неговиот спремен народ! Секогаш кога Јехова преку својата организација упатува покана да учествуваме во зголемената активност за Царството, ние правиме добро ако се запрашаме: ‚Дали јас сѐ уште спремно се нудам?‘ Потоа, треба во молитва да го испитаме своето срце и околностите. Нашата божествена оддаденост ќе нѐ тера да правиме сѐ што можеме во светата служба, правејќи го на тој начин Јеховиното срце многу среќно! (Соф. 3:17).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели