Обласен конгрес на Јеховините сведоци за 1997 — „Вера во Божјата Реч“
1 „Еден ден во Твоите дворови е подобар отколку — илјада дни надвор“ (Псал. 83:10). Кога псалмистот вршел обожавање во Јеховиниот храм, тој можел да го осети присуството на семоќниот Бог. Кога нацијата се собирала за годишните празници и вистинските обожаватели го исполнувале Ерусалим, Израелците наоѓале пријатно другарство додека се собирале во дворот на храмот. Тие биле потсетувани на нивното национално единство како единствен народ на Земјата кому Јехова му го поверил својот благослов и наклоноста. Секоја година, ние имаме прилика да доживуваме слични чувства на единство и радост со илјадници наши браќа и сестри. Во наше време, годишните обласни конгреси се еден од Јеховините начини да го собере својот народ за поука и другарување.
2 Грижата за огромниот број припадници на Јеховиниот народ кој живеел во и околу Ерусалим во текот на празниците, изискувало организација. Одржувањето ред и мир веројатно изискувало давање упатства во врска со сместувањето, времето на состаноците и други подготовки. Со оглед на тоа што овие работи се однесувале на нивното вистинско обожавање, Израелците радосно ги следеле овие упатства (Псал. 41:4; 121:1).
3 Стотици браќа веќе поминале десетици илјади часови во организирање на конгресните оддели, состанување и преговарање со хотелскиот персонал, работење со градежниот персонал во скоро 70 конгресни градови, подготвување и испраќање списоци со препорачани места за ноќевање итн. Овие браќа тесно соработуваат со конгресната канцеларија на Заедницата за да ги координираат многуте поединости кои се поврзани со функционирањето на конгресот. Ние лично можеби не го гледаме огромниот износ време, напор и трошок што оди за нашите годишни обласни конгреси, но сите ние сигурно го цениме самопожртвуваниот дух на сите овие верни браќа, зарем не?
4 Како што подготовките за нашиот Обласен конгрес за 1997 — „Вера во Божјата Реч“ продолжуваат, имаме некои точки кои го изискуваат вашето љубезно внимание и сериозен обѕир. Вашата соработка ќе го покаже вашето лично ценење за сите подготовки што се направени во ваша корист. Иако некои од овие работи веќе биле дискутирани порано, важно е за секој од нас јасно да ја сфати својата одговорност пред Јехова во поддржувањето на нашите конгресни подготовки.
5 Кога да се направи хотелска резервација: Заедницата дава упатство дека на Состанокот за служба во седмицата од 30 декември, пред собранието треба да се прочита вашето писмо со задолженија за обласниот конгрес. Списокот со препорачани места за ноќевање за вашиот конгрес кој посебно го испраќа локалниот Оддел за сместување, ќе биде закачен на собраниската огласна табла после состанокот истата вечер. Старешините го чуваат писмото со задолженија за обласниот конгрес и списокот со препорачани места за ноќевање во строга доверливост сѐ до овој Состанок за служба. Сѐ до после Состанокот за служба, кога ќе се прочита писмото со задолженија за обласниот конгрес, старешините или, пак, кој и да е друг, не треба да се јавуваат за резервации во НИЕДЕН хотел.
6 За да може секој да добие соба, Заедницата го упатила секој Оддел за сместување да ги стави на првиот список со препорачани места за ноќевање сите хотели кои се на располагање за претстојниот конгрес. Единствено ако тие хотели се пополнети, на дополнителните списоци ќе бидат додадени нови хотели. Понекогаш, за да ја направат својата хотелска резервација, некои браќа го чекале вториот или третиот список со препорачани места за ноќевање. Причина за ова може да биде одолговлечувањето или можеби тие очекувале дека хотелот кој повеќе им се допаѓа ќе се појави на следниот список. Правењето резервации во последен момент му создава два проблема на Одделот за сместување. Прво, Одделот за сместување не може да одреди кога постои потреба за дополнителни соби. Второ, со оглед на тоа што резервациите за конгресот на Watchtower мора да се добијат пред фиксниот датум, можеби нема да има на располагање соби за оние кои чекале предолго за да ја направат својата резервација. Затоа, ние ве молиме да ја направите својата резервација од првиот список со препорачани места за ноќевање, уште во текот на јануари.
7 Ако хотелот кој сте го избрале е пополнет, телефонирајте во друг сѐ додека не добиете резервација. Ако сте телефонирале во сите хотели кои се на списокот и нема слободни соби, информирајте го вашиот собраниски секретар и тој ќе контактира со Одделот за сместување, на телефонскиот број кој се појавува на врвот од секој список со препорачани места за ноќевање. Браќата од Одделот за сместување ќе соработуваат со хотелите за да обезбедат додатни соби. Потоа, во вашето собрание ќе биде испратен нов список. Ве молиме, чекајте го новиот список за да ја направите својата хотелска резервација. Кога правите резервација, секогаш прашувајте за бројот на резервацијата од хотелот. Овој број на резервацијата дајте му го на рецепционерот кога се пријавувате во хотелот.
8 Освен ако во списокот со препорачани места за ноќевање не е конкретно наведено поинаку, треба да планирате за максимум четири возрасни лица во една соба. Некои хотели ги информирале Одделите за сместување дека во иста соба спиеле по пет, шест и седум возрасни лица. Поради пожар и сигурносните прописи, ова не само што е опасно туку во повеќето градови е и противзаконски. Исто така, тоа наметнува неправедно барање до хотелот и персоналот за додатни пешкири, чаршафи итн. Затоа, кога ги планирате вашите потреби за сместување, немојте да го пречекорувате максимумот број луѓе кој е дозволен во хотелската соба.
9 Испраќање депозити во хотелите: Договорот на Заедницата со секој хотел наведува дека нашите делегати ќе ја обезбедат својата резервација со депозит. Тој понатаму наведува: „Резервацијата е гарантирана откако ќе се добие депозитот“. Затоа, единствен начин да ти биде гарантирана резервација за соба е ако хотелот го добие твојот депозит. Минатата година, некои браќа пристигнале во нивните хотели само за да откријат дека резервацијата им била откажана неколку седмици пред конгресот. Без депозит, хотелот има право да му ја даде твојата соба на некој друг, а депозитот за една ноќ е БАРАЊЕ во нашата подготовка за сместување. За секоја резервирана соба, депозитот за една ноќ треба да се плати во рок од десет дена откако ќе ја направиш твојата резервација.
10 Не препорачуваме да се испраќаат пари во готово по пошта. Може да бидат украдени и не постои доказ дека твоите пари биле добиени. Ако праќаш чек или поштенска парична уплатница, на предниот дел напиши го твојот број на резервацијата и после две седмици контактирај со хотелот за да се увериш дали твојот депозит е добиен. Ако со твојот депозит даваш број на кредитна картичка, треба да му кажеш на службеникот за резервации дека сакаш депозитот веднаш да биде наплатен на твојата кредитна картичка.
11 Заменување на хотелските резервации или правење резервации во повеќе од еден хотел: Пред конгресот, Одделот за сместување телефонира во секој хотел што е на списокот за да утврди колку соби се резервирани од наши делегати. Правејќи го тоа на секои две или три седмици, Одделот за сместување ќе може да утврди дали за конгресот се договорени доволно хотелски соби. Минатата година во некои градови, додека се приближувал конгресот, некои хотели кои направиле многу резервации добиле голем број откажувања или, пак, делегати кои имале резервации воопшто не се ни појавиле. Каде отишле овие браќа и сестри?
12 Очигледно дека биле направени нови резервации во хотели кои биле поблиску до местото на конгресот и претходните резервации отпаднале. Поради ова, некои хотели бараат да се плати осигурана резервација најмалку за две ноќи; инаку ќе одбијат да резервираат соби за конгресите на Watchtower. Со оглед на тоа што ова создава проблеми за хотелите и за Одделот за сместување, ве молиме, откако ќе направите резервација, не ја менувајте вашата резервација за друг хотел кој е на следниот список, дури и ако тој е поблизу или изгледа попривлечно (Мат. 5:37; спореди Псалм 14:4). Другиот хотел бил додаден заради тоа што има браќа и сестри на кои сѐ уште им требаат соби. Тој не бил додаден за да обезбеди подобар квалитет на оние кои веќе имаат резервирано соби. Без разлика дали имаш резервација во хотел кој е на 5 или на 25 минути од местото на конгресот, ти сепак ќе бидеш духовно нахранет и ќе се радуваш на друштвото со твоите браќа и сестри, зарем не? Наша цел е да го намалиме бројот на списоците кои ги испраќаат Одделите за сместување и да ги поедноставиме подготовките за сместување. Ова може да се постигне само ако секој соработува со начелото кое е изложено во 1. Тимотеј 6:8: „Кога имаме храна и облекло, со тоа да бидеме задоволни“.
13 Подеднакво е важно да резервираш хотелски соби кои навистина ќе ги користиш во текот на конгресот. Иако можеби е пожелно во истиот хотел да престојува заедно една поголема група, тоа не е неопходно. Освен ако однапред сте се сложиле да го направите тоа и да поднесете точни имиња, ве молиме не резервирајте соби за други делегати. Ова на вештачки начин го зголемува бројот на собите кои се резервирани за конгресот и им отежнува на другите делегати да направат резервација од првиот список. Секоја соба треба да биде резервирана на име на некој од луѓето кои ќе ја користат.
14 Се разбира, ако за време на конгресот доживеете проблем со некој хотел, ве молиме известете го за тоа локалниот Оддел за сместување на конгресот. За секоја тешкотија која ќе ја доживеете за време или после конгресот, можете да контактирате со Одделот за сместување, користејќи ја адресата и телефонскиот број кој стои на врвот од списокот со препорачани места за ноќевање. За да можат браќата да ви помогнат, опишете ја тешкотијата во поединости, вклучувајќи ги чекорите што сте ги презеле вие за да ја поправите работата.
15 Користење хотели кои не се на списокот на Заедницата со препорачани места за ноќевање: Заедницата прави напор за да подготви конгреси на локации кои се попогодни за нашите браќа и сестри. Во 1996 беа одржани конгреси на 11 дополнителни локации. Некои од овие градови не биле домаќини на конгрес на Watchtower преку 20 години. Како резултат на тоа, Заедницата добила многу писма кои изразуваат ценење.
16 Иако погодноста на нашите конгресни локации им дозволува на многу браќа и сестри да патуваат до и од местото на конгресот, хотелското сместување и понатаму е потребно. Минатата година биле користени 1.076 хотели на 198 конгреси кои се одржале во 65 различни градови. Во секој конгресен град, еден тим браќа контактирале со многу локални хотели со цел да преговараат за соби со најприфатливи цени за конгресните делегати. После месеци преговарање, хотелите кои се сложиле да работат со конгресните цени на собите биле вклучени во списокот со препорачани места за ноќевање.
17 Во секој град, овие браќа контактираат со многу хотели што одбиваат да работат со конгресот на Watchtower. Разбирливо е дека некои хотели не очекуваат да имаат простор поради други зделки. Но, од многуте причини кои биле дадени, една која често се слушала била: „Зошто да преговараме за пониски цени? Оваа година тука престојуваа ваши луѓе за повисоки цени, и ние ги очекуваме да се вратат и другата година“. Со оглед на тоа што работа на хотелот е да заработи пари, тешко е да бидат замолени да прифатат помалку од она што тие веќе го добиваат од наши делегати.
18 Секоја година ние апелираме до браќата да прават резервации само во хотели кои се на списокот на Заедницата со препорачани места за ноќевање. Со следење на ова упатство се постигнуваат неколку работи:
19 Нашите браќа и сестри, од кои поголемиот дел имаат ограничени средства, штедат пари: Кога хотелите соработуваат со оваа подготовка на Заедницата, цените на собите за нашите браќа се пониски. Наместо нашите средства да одат за хотелите, можат подобро да бидат искористени за поддршка на семејствата на нашите браќа и сестри, како и за светското дело. Дури и ако ние лично можеме да си дозволиме скапо сместување, треба да ги поддржиме напорите на Одделот за сместување со тоа што ќе ги користиме само хотелите кои се на списокот со препорачани места за ноќевање. Ова е духот на грижа за другите кој е опишан во 1. Јованово 3:17 и начелото кое стои зад 1. Коринтјаните 10:24.
20 Ги наградува оние хотели кои соработуваат со оваа подготовка на Заедницата: Со оглед на тоа што Заедницата направила договори со хотелите кои се на списокот со препорачани места за ноќевање, ние, всушност, сме им ветиле дека ќе добијат заработка од нас. На тој начин тие остануваат спремни да учествуваат и во иднина.
21 Им дава поттик и на другите хотели да соработуваат со подготовката за сместување: Кога се користат хотели кои не се на списокот со препорачани места за ноќевање и им се плаќаат повисоки цени, тогаш тие хотели имаат мала мотивација за да соработуваат со подготовката на Заедницата. Со текот на времето, дури и хотели кои претходно соработувале со подготовката на Заедницата честопати одбиваат да го прават тоа, затоа што откриваат дека некои наши браќа ќе платат повисоки цени. Но, ако делегатите ги користат само хотелите кои се на списокот со препорачани места за ноќевање, подоцна можеби другите хотели ќе ја увидат вредноста од соработката.
22 Ја покажува послушноста кон упатствата од Заедницата: Оваа последна точка треба да биде една од нашите најголеми грижи. Евреите 13:17 гласи: „Покорувајте им се на наставниците ваши и бидете послушни, оти тие, бидејќи се задолжени да одговараат, бдеат за вашите души, — та со радост тоа да го вршат, а не со воздишки, зашто тоа не е полезно за вас“. Додека нашите браќа прават многу подготовки за нашиот обласен конгрес, ние сакаме да чувствуваат дека ја имаат нашата целосна поддршка. Со оглед на тоа што нашата соработка во тој поглед се бара само два или три дена секоја година, ова е добар начин да ги поддржиме нивните напори. Дури и ако нашиот личен избор е поинаков, нашиот добар пример, додека го гледаат нашите браќа и светот, унапредува еден дух на љубов, обединетост и поддршка (Фил. 2:1—4).
23 Посебни потреби: Формуларот на Заедницата за сместување со посебни потреби дава краток преглед за условите за поднесување формулар за посебни потреби: „Ако си на добар глас во собранието и ако имаш посебни потреби кои не можат да бидат згрижени од локалното собрание, можеш да бараш сместување преку конгресниот Оддел за сместување“. Оваа подготовка е само за објавители кои се на добар глас, вклучувајќи ги и оние кои имаат деца што добро се однесуваат, на кои им е одобрено од Службениот одбор на собранието. Оние кои имаат посебни потреби се наши браќа и сестри и ние сакаме да им помогнеме.
24 На постарите, немоќните, оние кои се во полновремена служба или другите можеби им е потребна помош за да присуствуваат на конгресот. Роднините, старешините и другите од собранието кои се запознати со нивните посебни околности, можат љубезно да ги направат неопходните подготовки, без да ја префрлаат на конгресната организација одговорноста за семејството и за собранието. (Спореди 1. Тимотеј 5:4.) Пред да го потполните формуларот за сместување со посебни потреби, внимателно прочитајте ги информациите кои се наоѓаат на дното од формуларот. Овие барања треба да се испратат до Одделот за сместување колку што е можно поскоро.
25 Присуство на друг конгрес: Секое собрание е доделено на најблискиот конгрес. Потпирајќи се на бројот на објавители кои се доделени на секој конгрес, Заедницата проценува колку ќе има присутни за да обезбеди доволно седишта, сместување, литература итн. Ако мораш да присуствуваш на друг конгрес, можеби, освен за други работи, потребни ти се информации во врска со сместувањето и билети за паркирање. Ако да, треба да го замолиш собранискиот секретар да ти ја набави адресата од главното седиште на конгресот на кој ќе присуствуваш. Ова може да се најде на задната страна на формуларот за сместување со посебни потреби. Погрижи се, со твоето барање за моменталниот список со препорачани места за ноќевање или за која било информација која можеби ти е потребна, да приложиш плик со марка, кој е адресиран до тебе. Ако во тој град се одржува повеќе од еден конгрес, погрижи се да го кажеш и датумот за конгресот на кој ќе присуствуваш.
26 Заклучок: Писмата што ги добива Заедницата после обласните конгреси секоја година, даваат обилен доказ дека нашите браќа и сестри ги ценат подготовките што се прават за нив. Во врска со подготовката за сместување, една сестра која минатата година присуствувала на еден конгрес во Охајо, напишала: „Цената беше исклучителна — нивната редовна цена беше 79 долари од ноќ. Штом се идентификувавме како Јеховини сведоци кои присуствуваат на конгресот на Watchtower, тие одлучно ја наведоа цената која беше на нашиот список! Му се заблагодаривме на Јехова за таквата подготовка! Јехова секогаш се грижи за својот народ. Преку неговата видлива организација направено ни е секогаш да се чувствуваме извонредно. Присуствувањето на конгресот беше големо доживување за нашето семејство. Тоа немаше да биде практично или возможно без вашата помош“. Слично на нашата сестра, зарем не сме му благодарни на Јехова за неговата помош на овие начини?
27 За сите нас е очигледно дека Јехова ја поддржува подготовката за годишните конгреси. Со оглед на тоа што на многу од браќата кои патуваат на обласните конгреси им се потребни соби, можеме да бидеме уверени дека Јехова адекватно ќе се грижи за овие потреби. Затоа што овие работи се однесуваат на нашето вистинско обожавање, треба радосно да ги следиме упатствата кои ни се дадени. Ако докажеме дека ние сме ‚верни во малку‘, тоа нѐ става на патот да ги добиеме големите благослови кои ги очекуваат оние кои Јехова ги сака (Лука 16:10).
28 Исаија 33:20 (НС) вели: „Погледни го Сион, градот на нашите свечени прилики!“ Ние само можеме да го замислиме среќното мноштво кое го исполнувало Ерусалим и што спремно се одѕивало на Јеховината заповед ‚само да се весели‘ (5. Мој. 16:15). Нашите годишни обласни конгреси ни ја овозможуваат и величествената прилика да добиеме божествено упатство и да се радуваме на срдечното дружење со нашите браќа и сестри. Нека Јехова ги благослови вашите напори додека се подготвувате да присуствувате на серијата Обласни конгреси за 1997 — „Вера во Божјата Реч“!
[Рамка на страница 3]
Како се прави хотелска резервација
1. Телефонирај во хотелот во текот на редовното работно време.
2. Побарај од службеникот за резервации број на резервацијата.
3. Испрати го твојот депозит. На твојот чек или поштенска парична платница напиши го бројот на резервацијата. НЕМОЈ да праќаш пари во готово.
4. Ако плаќаш со чек или со поштенска парична уплатница, контактирај со хотелот во рок од две седмици за да се увериш дали е добиен твојот депозит.
[Рамка на страница 5]
Што треба
◼ ТРЕБА да ја направиш твојата резервација во текот на јануари.
◼ ТРЕБА да се идентификуваш како Јеховин сведок или како делегат кој присуствува на конгресот на Watchtower.
◼ ТРЕБА да го испратиш депозитот веднаш штом ќе ја направиш твојата резервација.
◼ ТРЕБА да резервираш само соба(и) што лично ќе ја (ги) користиш.
◼ ТРЕБА да ја чуваш твојата прва резервација.
[Рамка на страница 6]
Време на програмата
Петок и сабота
9.30 — 16.50
Недела
9.30 — 15.50