Проследи го интересот за Веста за Царството
1 Во текот на последниве неколку седмици, се радувавме на предноста да ја дистрибуираме Веста за Царството бр. 35, со наслов „Дали некогаш сите луѓе ќе се сакаат?“ Насекаде објавителите настојуваат да достигнат колку што е можно повеќемина достојни со ова издание на Веста за Царството (Мат. 10:11). Иако е предвидено кампањата да заврши в недела, на 16 ноември, доколку има да се обработи уште подрачје, можеби старешините ќе те замолат да продолжиш со дистрибуција на Веста за Царството бр. 35 сѐ додека трае собраниската залиха.
2 Ова издание на Веста за Царството го поттикнала интересот кај многу луѓе. Тие гледаат дека луѓето, општо земено, ја изгубиле својата природна наклоност и затоа се прашуваат што донесува иднината (2. Тим. 3:3, НС). Ние сакаме да го проследиме интересот што бил создаден.
3 Веста за Царството донесува резултати: Во текот на кампањата со Веста за Царството во 1995, една жена која добила примерок дошла на состанок во Салата на Царството бидејќи сакала да научи повеќе за тоа што веруваат Јеховините сведоци. На тој состанок таа спремно прифатила библиска студија и после тоа ретко отсуствувала од состанок. Набргу пишала до нејзината поранешна црква, прекинувајќи го своето членство!
4 Досега, стотици луѓе на подрачјето ја прочитале пораката во Веста за Царството бр. 35. Но, каква била нивната реакција на неа? Дури и да биле поволно импресионирани од она што го прочитале, повеќето нема да преземат акција сѐ додека некој Јеховин сведок не ги посети повторно. Дали правиш планови да навратиш? Грижата полна со љубов за нашиот ближен треба да нѐ наведе да го сториме тоа. Сите кои покажале интерес за Веста за Царството треба да бидат повторно посетени.
5 Што ќе кажеш кога ќе навратиш? Би можел да дадеш неколку коментари за навременоста на пораката во Веста за Царството, а потоа да поставиш едно прашање што поттикнува на размислување. Внимателно слушај додека станарот се искажува за да можеш да дознаеш што има во неговиот ум. Потоа, сврти го вниманието кон некоја прикладна точка од брошурата Бара, која е истакната во Веста за Царството. Доколку добиеш поволен одѕив, обиди се на лице место да започнеш библиска студија.
6 Еве некои предложени презентации кои би можел да ги пробаш кога навраќаш кај оние кои покажале интерес за „Веста за Царството“ бр. 35:
◼ „Можеби се сеќавате на печатената информација која неодамна Ви ја оставив. Нејзината порака се осврнува на едно витално прашање кое го поделува човештвото денес — недостиг на љубов кон другите“. Сврти внимание кон доказот презентиран на страница 2 од Веста за Царството, под насловот „Љубовта кон ближниот се оладила“. Потоа прашај: „Дали мислите дека Божјата намера за човештвото е да живее на тој начин?“ Дозволи одговор. Сврти кај лекција 5 во брошурата Бара и обиди се да започнеш библиска студија.
◼ „Кога се сретнавме првпат, Ви оставив некои информации на темата ‚Дали некогаш сите луѓе ќе се сакаат?‘ Мислите ли дека е можен еден таков свет?“ Дозволи одговор. Сврти кај лекција 6 во брошурата Бара и прочитај го 6. пасус. Потоа, прочитај го Божјето ветување во Михеј 4:3, 4. Доколку станарот изгледа заинтересиран, понуди му ја брошурата и студија.
◼ „Кога Ве посетив последниот пат, Ви оставив извесен материјал со наслов ‚Дали некогаш сите луѓе ќе се сакаат?‘ Тој содржи понуда за бесплатна домашна библиска студија. Навратив за да Ви го покажам помагалото за студија што ние го користиме. [Покажи ја книгата Спознание.] Оваа книга јасно објаснува кога сите луѓе меѓусебно ќе се сакаат и одговара на други прашања за кои можеби се прашувате: Зошто старееме и умираме? Зошто Бог допушта страдање? Што се случува со нашите блиски кои умреле?“ Потоа прашај: „Дали може да Ви го демонстрирам курсот за проучување?“ Доколку станарот ја одбие твојата понуда, прашај го дали би сакал сам да ја прочита книгата. Ако да, остави му примерок и објасни му дека нашето библиско образовно дело ширум светот се поддржува со доброволни донации. Планирај повторно да навратиш.
7 Штом подрачјето темелно ќе се обработи со Веста за Царството бр. 35, во остатокот од месецот можеме да ја нудиме книгата Спознание. Еден добар избор на предложени презентации за оваа книга може да се најде на последната страница од Наша служба за Царството, во изданијата од декември 1995; март, јуни, ноември 1996 и јуни 1997.
8 Оваа специјална дистрибуција на Веста за Царството треба да нѐ мотивира сите нас да ги засилиме нашите напори во проповедничкото дело. Со Јеховина помош можеме да имаме доверба дека оваа кампања ќе има сигурен успех, помагајќи им на луѓето да ја увидат Божјата намера за сето човештво — да се сакаат еден со друг. Нека Јехова и понатаму ги благословува нашите марливи напори додека го проследуваме интересот за Веста за Царството.