Да се негува интересот поттикнат со Вест за Царството бр. 36
1 Дали заврши со дистрибуирањето на примероците од Вест за Царството бр. 36 што ти беа доделени? Во неа е поставено едно навремено прашање за кое треба да размислуваме сите: „Новиот милениум — што Ви носи иднината?“ Додека наближуваше 2000 година, имаше многу различни очекувања во врска со она што ќе го донесе новиот милениум. Вест за Царството бр. 36 разгледува некои од тие очекувања и нѐ потсетува дека условите во светот не даваат основа за оптимизам. Единствениот милениум кој ќе ги донесе мирот и безбедноста што ги бараат повеќето луѓе е Милениумското владеење на Христос Исус. Нашата увереност во реалноста на неговото Царство нѐ мотивира да ја дистрибуираме Веста за Царството бр. 36 на секого што можеме.
2 Реакции на Веста за Царството: Претходните дистрибуирања на Вест за Царството се покажаа како добар поттик за да го извршуваме делото. Во врска со Вест за Царството бр. 35, подружницата во Канада напиша: „Оваа специјална кампања воодушевено ја поддржаа објавителите и пионерите на полето и имаше многу охрабрувачки искуства“. Несомнено и ти си покажал таква воодушевеност во дистрибуирањето на Вест за Царството бр. 36.
3 Сегашната кампања на Вест за Царството се планира да заврши на 17 ноември 2000. Дали е обработено целото подрачје што му е доделено на твоето собрание? Ако не, тогаш старешините можат да те замолат да продолжиш со кампањата сѐ до крајот на ноември.
4 На каква реакција наиде досега на Веста за Царството бр. 36 во твоето место? Неколкумина ќе го пополнат купонот и ќе побараат примерок од брошурата Бара и/или домашна библиска студија. Меѓутоа, повеќето од оние кои покажуваат почетен интерес за темата во врска со милениумот веројатно нема да преземат некоја акција сѐ додека кај нив повторно не дојде некој Јеховин сведок. Сите оние кои покажале интерес, треба повторно да бидат посетени. Кога ќе биде соодветно време за да се направи тоа? Повторната посета треба да се направи колку што е можно поскоро.
5 Забележи ги овие искуства кои се доживеани како резултат на тоа што се направиле повторни посети онаму каде што била оставена Вест за Царството бр. 35. Еден пионер од Ирска ѝ оставил Вест за Царството на сопственичката на еден ресторан. Жената била импресионирана од пораката и ја поканила сестрата повторно да ја посети. Сестрата повторно дошла за два дена и започнала библиска студија. Во Данска, еден примерок на Вест за Царството бил оставен во една куќа каде што немало никој дома. Истиот ден жената што живеела таму го испратила купонот до канцеларијата на подружницата, кој потоа бил испратен до локалното собрание. Пред да заврши таа седмица, две сестри ја посетиле, била договорена студија и жената прв пат дошла на состанок во Салата на Царството!
6 Што да речеш кога ќе направиш повторна посета: Да се прават повторни посети на местата каде што е оставена Вест за Царството е релативно лесен и пријатен дел од нашата служба. Кога ќе го правиш тоа, би било пожелно да носиш примерок од Вест за Царството бр. 36, бидејќи станарот можеби нема да го има својот примерок. Би можел да се обидеш со овие предлози.
7 Откако ќе го потсетиш станарот кој си ти, би можел да речеш:
◼ „Оставив еден проспект со наслов ‚Новиот милениум — што Ви носи иднината?‘ Зарем не беше охрабрувачки кога прочитавте дека наскоро ќе започне Милениумската влада на Христос Исус, која ќе донесе рајски услови на земјата? [Покажи ги илустрациите на рајот што се наоѓаат во Вест за Царството бр. 36.] На последната страница имате покана да побарате примерок од брошурата Што бара Бог од нас?“ Покажи ја брошурата, сврти на лекција 5, прочитај го првото прашање и пасуси 1 и 2 и замоли го станарот да коментира. Прочитај и дискутирај за еден или два стиха. Ако е можно, разгледај уште едно прашање и пасус и потоа договори се повторно да дојдеш и да продолжиш со дискусијата.
8 Бидејќи во ноември следи понуда на брошурата „Бара“ или книгата „Спознание“, би можел да речеш:
◼ „Неодамна, кога Ве посетив, Ви оставив примерок од ‚Новиот милениум — што Ви носи иднината?‘ Во него има понуда за бесплатна домашна библиска студија. Повторно дојдов за да Ви покажам кое помошно средство за проучување го користиме. [Покажи ја брошурата Бара и сврти на последната страница; или покажи ја книгата Спознание и сврти на страници 188, 189.] Милениумот за кој се зборува во Библијата ќе донесе услови какви што гледате на оваа илустрација. За да се квалификуваме за живот во рајот, треба да стекнеме точно спознание за Бог. Ве молам, дозволете ми накратко да Ви покажам како ја проучуваме Библијата“.
9 Дистрибуцијата на Вест за Царството бр. 36 нѐ мотивираше да го зголемиме нашето учество во службата, давајќи огромно сведоштво. Ова веројатно го поттикна интересот на голем број луѓе на подрачјето. Нашите здружени напори да го негуваме овој интерес, со Јеховина помош, ќе водат до тоа со радост да пронајдеме повеќе луѓе кои се слични на овци (Мат. 10:11; Дела 13:48, 49, 52).