Покажувај почитување кон Јеховиното место на обожавање
1 Кога сме гости во нечија куќа, покажуваме почитување кон поседот на тоа лице со тоа што не правиме нешто што би го оштетило и не ја нарушуваме редовната рутина на домаќинството. Колку само повеќе тоа треба да биде случај кога сме Јеховини гости! Треба да знаеме како да се однесуваме во неговото домаќинство (Псал. 14:1; 1. Тим. 3:15). Без разлика дали нашиот христијански состанок се одржува во Салата на Царството, во приватен дом или во јавен објект, огромното мнозинство од нас секогаш покажува почитување кон нашето место на обожавање како да е тоа Јеховин дом чие „достоинство е над Земјата и над небото“ (Псал. 148:13, NW).
2 Некои браќа покажуваат недостиг на почитување кон состаноците со тоа што се бучни или постапуваат како да се неважни информациите кои се презентираат. Додека состанокот е во тек, извесен број возрасни водат непотребни разговори во холот, претсобјето, тоалетот или надвор од Салата на Царството. Понекогаш, кога некое постаро дете е оставено да надгледува некое помало, двете почнуваат да си играат и извлекуваат мала корист од програмата. После состаноците, некои младинци се видени надвор од Салата на Царството како играат, претерано бучни, па дури правејќи и карате движења еден кон друг. Во некои случаи тие ги вознемирувале соседите или го попречувале сообраќајот на паркиралиштето или на улицата.
3 Како да се избегне да се биде без почитување: Сфаќајќи го достоинството и светоста на нашето обожавање, несомнено, не би сакале да го одвратиме вниманието на другите преку шепотење, јадење, гума за џвакање, шушкање со хартии, правење непотребни излети до тоалетот или доцнење на состаноците по навика. Родителите кои имаат почитување и ценење, не дозволуваат нивните деца да го валкаат теписонот, тапацирот или ѕидовите во Салата на Царството или, пак, во домот каде што се одржува студијата на книга. И без сомнение, сите ние се сложуваме дека на нашите состаноци секако не постои место за каков и да било вид срамно однесување, глупаво муабетење или вулгарно шегување (Ефеш. 5:4).
4 Доколку секогаш си спомнуваме за целта на нашите христијански состаноци, ќе се погрижиме ние и нашите деца да покажуваме должно почитување кон Јеховиното обожавање на местото каде што „сакаме да бидеме“ (Псал. 83:10).