ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/98 стр. 2
  • Состаноци за служба за јануари

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци за служба за јануари
  • Нашата служба за Царството 1998
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 5 јануари
  • Седмица што почнува од 12 јануари
  • Седмица што почнува од 19 јануари
  • Седмица што почнува од 26 јануари
Нашата служба за Царството 1998
km 1/98 стр. 2

Состаноци за служба за јануари

Седмица што почнува од 5 јануари

Песна 10

8 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството.

17 мин: „Најди задоволство во давањето темелно сведоштво“. Дискусија со присутните за статијата. Истакни кои работи се битни за една делотворна презентација: 1) Упати пријателски поздрав, 2) коментирај или постави прашање во врска со темата која е од текушт интерес, 3) укажи на прикладен библиски стих и 4) насочи го интересот кон публикацијата која се нуди. Еден способен објавител нека ги демонстрира предложената прва презентација и соодветната повторна посета.

20 мин: Подготви се сега да го поддржиш Божјиот закон за крвта. Квалификуван старешина дискутира за важноста на потполнувањето на картичката Однапред дадена медицинска директива/ослободување. Инспирираното упатство во Псалм 18:7 покажува дека Дела 15:28, 29 е израз на Божјиот совршен закон за крвта. Лојалните обожаватели се стремат да го поддржуваат тој закон. Овој документ ја дава до знаење твојата одлучност да правиш така и зборува за тебе кога ти самиот не си способен да зборуваш. (Спореди Изреки 22:3.) Новата картичка дава текушта изјава дека одбиваш да примаш крв. После овој состанок, на крстените Сведоци кои имаат желба да имаат нова картичка ќе им биде дадена по една, а оние со некрстени малолетни деца ќе добијат Легитимација за секое дете. Овие картички нема да бидат потполнети вечерва. Тие треба внимателно да бидат потполнети дома, но да НЕ се потпишуваат. Потпишувањето, посведочувањето и ставањето датум на сите картички ќе биде сторено после следната Собраниска студија на книга, под надзор на водителот на студијата на книга. Тоа ќе осигура дали сите доделени во неговата група кои сакаат да ја заверат оваа медицинска директива ја имаат потребната помош. Оние кои потпишуваат како сведоци, треба навистина да гледаат додека сопственикот го потпишува документот. Секој што отсуствува тоа време, а кој има желба да потполни и да потпише картичка, ќе му биде помогнато од водителите/старешините на следниот Состанок за служба, сѐ додека сите крстени објавители правилно не ги комплетираат своите картички. Некрстените објавители можат да напишат своја сопствена директива која ќе ја користат за себе и за своите деца со тоа што ќе го адаптираат јазикот од оваа картичка кон своите околности и уверувања.

Песна 204 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 12 јануари

Песна 79

10 мин: Локални известувања. Благајнички извештај. Истакни ги подготовките за служба на теренот за 17 јануари.

15 мин: „Добро користи ги летоците“. Дискусија со присутните. Вклучи го искуството од Стражарска кула од 1 декември 1996, страница 13, пасус 15.

20 мин: „Јехова дава моќ над она што е нормално“. Прашања и одговори. (Види w 1.11.90 30, пасуси 15, 16.) Уреди некои да раскажат охрабрувачки искуства кои покажуваат како Јехова ги зајакнал.

Песна 114 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 19 јануари

Песна 81

10 мин: Локални известувања.

15 мин: Локални потреби.

20 мин: Семејна студија која донесува радост. Брачна двојка дискутира за духовните потреби на своето семејство. Загрижена за световните влијанија кои ги погодуваат нивните деца на негативен начин, таа чувствува потреба да ја зајакне духовноста на своите деца, но признава дека нивната семејна студија е спорадична и честопати неделотворна. Заедно, ги разгледуваат препораките за тоа како да се води смисловна семејна студија, кои беа дадени во Стражарска кула од 1 август 1997, страници 26—29. Двајцата се одлучни да продолжат во штитењето на духовната благосостојба на своите деца.

Песна 146 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 26 јануари

Песна 187

12 мин: Локални известувања. Разгледај ја понудата на литература за февруари. Спомни една или две точки од книгата Откровение, кои ќе бидат корисни при нејзиното нудење.

15 мин: „Покажувај почитување кон Јеховиното место на обожавање“. Прашања и одговори. Да ја води старешина, кој треба љубезно да даде локална примена.

18 мин: Известување за нашето учество во делото на сведочење ширум светот. (Темелено на книгата Наша служба, страници 100—102, 106—110.) Говор и дискусија кои ги води секретарот. Откако го покажува библискиот преседан за редовното известување на нашата активност, тој замолува двајца слуги помошници да го разгледаат поднасловот „Зошто ја известуваме нашата служба на теренот“. Потоа, секретарот ја нагласува важноста на навременото предавање на точни извештаи. Ги истакнува причините зошто поставувањето лични цели е корисно, заклучувајќи со охрабрувачки коментари во врска со благословите кои доаѓаат за оние кои имаат целосен удел во делото на сведочење.

Песна 195 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели