Упатувај покана до секој што жеднее
1 Како што претскажал пророкот Амос, човечкото семејство денес страда од ‚жед не за вода, туку жед за слушање зборови Господови‘ (Амос 8:11). За да им помогнеме на луѓето кои се во оваа духовно спржена состојба, ние им кажуваме за Божјите подготовки за опоравување на послушните луѓе од гревот и смртта што во последното поглавје од Откровение се прикажани како „река со вода на животот“. Ја имаме предноста до секој што жеднее за праведноста да ја упатиме поканата да „земе од водата на животот дарум“ (Откр. 22:1, 17). Како можеме да го правиме тоа во текот на февруари? Нудејќи им ја книгата Откривење — Близу је величанствени врхунац! на оние кои се вистински заинтересирани. Можеби ќе сакаш да ги пробаш овие презентации:
2 Бидејќи многу луѓе се загрижени за здравствени работи, можеби ќе увидиш дека делотворен е овој пристап:
◼ „Многумина се загрижени за сѐ поголемата цена на квалитетната здравствена грижа. Можеби сте размислувале за таа работа. [Дозволи одговор.] Дали постои трајно решение за овој проблем? [Чекај одговор.] Еве еден прекрасен изглед“. Прочитај Откровение 22:1, 2. Потоа, отвори ја книгата Откривење кај илустрацијата на страници 308 и 309, и употреби го 22. пасус на страница 311 за да ја објасниш. Заклучи со тоа што ќе речеш: „Оваа публикација дискутира за секој стих од Откровението“. Доколку станарот покаже вистински интерес, понуди ја книгата, давајќи му прилика да даде донација за делото ширум светот. Направи подготовки за да навратиш.
3 Кога правиш повторна посета, би можел да ја продолжиш вашата дискусија со тоа што ќе речеш:
◼ „Последниот пат кога бев тука, разговаравме за едно трајно решение за здравствените проблеми. Што мислите, дали некогаш ќе дојде време кога никој нема да биде болен? [Дозволи одговор.] Забележете ја оваа впечатлива изјава“. Прочитај Исаија 33:24. Потоа, отвори кај лекција 5 во брошурата Бара и дискутирај за пасусите 5 и 6, поставувајќи ги соодветните прашања кои се на почетокот од лекцијата и барајќи неколку од наведените стихови. Спомни дека отстранувањето на болеста и смртта е дел од исполнувањето на Божјата првобитна намера за Земјата. Уреди да навратиш за да дискутирате за пасусите 1—4 и 7 од истата лекција.
4 Доколку во мислите на луѓето постои некоја текушта вест која вклучува предвремена смрт, би можел да се обидеш со овој пристап:
◼ „Можеби сте чуле за [спомни ја веста]. Кога трагично се прекратени животите, многумина се прашуваат каква утеха може да им се понуди на семејствата на жртвите. Што мислите Вие?“ Дозволи одговор. Потоа, отвори на страница 299 во книгата Откривење и покажи ја сцената со воскресение која е илустрирана. Продолжи со тоа што ќе речеш: „Многумина се изненадени кога дознаваат дека и праведните и неправедните луѓе ќе бидат вратени во живот во Рајот на Земјата. [Прочитај Дела 24:15 како што е цитиран во 9. пасус на страница 297, а потоа дај го објаснувањето кое се наоѓа во 10. пасус.] Оваа книга дискутира за многу други интересни детали во врска со Божјата намера за иднината. Доколку би сакале да дознаете повеќе за тоа, можете да го добиете овој примерок“. Направи подготовки за да навратиш, забележувајќи ги специфичните интереси и грижи на поединецот.
5 Кога доаѓаш повторно, скрој ја твојата презентација спрема станарот. Можеби би можел да кажеш:
◼ „Кога зборувавме последниот пат, го ценев коментарот што го дадовте во врска со Божјата намера за Земјата. [Повтори го коментарот.] Пронајдов извесен материјал за кој мислам дека ќе Ви биде интересен“. Отвори ја брошурата Бара кај лекција 5. Прочитај и дискутирај за онолку пасуси во таа лекција колку што се чини дека ќе го задржат вниманието на станарот. Откако ќе поставиш време да навратиш за да продолжите со лекцијата, дај му на станарот леток кој ги изложува термините за состаноци на собранието. Објасни го Состанокот за јавност и покани го да присуствува.
6 Ако повеќе сакаш поедноставена презентација која истакнува некој трактат, би можел да го кажеш ова:
◼ „Би сакал да го имате овој трактат со наслов Дали постои надеж за нашите мртви?“ Врачи му го на станарот и покани го да следи додека го читаш првиот пасус. Дозволи му да одговори на прашањето кое е поставено во последната реченица. Прочитај го вториот пасус, и потоа отвори кај илустрацијата на страница 299 во книгата Откривење. Продолжи со тоа што ќе кажеш: „Оваа книга дава повеќе детали за воскресението и за остатокот од библиските прекрасни ветувања за иднината. Доколку ја читате, можете да го добиете овој примерок“. Дај му на станарот прилика да даде донација за делото ширум светот, и договори повторна посета.
7 Тоа што упатуваме една привлечна покана до другите може да предизвика тие да дојдат до водите на животот, кои Јехова сега ги става на располагање. Затоа, секому кој жеднее да му кажеме: „Дојди!“ (Откр. 22:17).