Може ли твоето дете да донесе зрела одлука?
1. Каков став зазеле младите Сведоци во врска со употребата на крв? Дај еден пример.
1 Каква зрела одлука? За трансфузија на крв. Како што е покажано во статијата со наслов „Да се оди поучен од Јехова“ во Стражарска кула од 15 јуни 1991, децата на Јеховините сведоци мораат да заземат јасен и цврст став за да докажат дека нивната желба да му бидат послушни на Божјиот закон за крвта е исто толку важна за нив, како што е важна и за нивните родители. Може ли ова да се очекува и од твоето малолетно дете?
2. Какви одлуки донесуваат некогаш судиите кога имаат работа со малолетник кој одбил трансфузија на крв, и што учат од ова христијанските родители и нивните малолетни деца?
2 Што одлучиле судовите? Некои судови одлучиле да ги прифатат одлуките на малолетно дете, ако заклучиле дека е доволно зрело да ги разбере последиците на своите одлуки и ако просудува како возрасна личност. Доколку тие утврдиле дека детето може да се смета за „зрел малолетник“, тогаш тоа го има истото право како возрасен да прифати или да одбие медицински третман. Според тоа, за да утврдат дали детето е доволно зрело самото да донесува одлуки, докторите или властите можат да разговараат со него за да го слушнат неговиот приговор во врска со земањето крв. Младинецот треба реално да ја разбере сериозноста на својата здравствена состојба и последиците од својот избор за лекување, и јасно и цврсто да го изрази своето религиозно верување за Божјиот закон за крвта.
3. Кои прашања треба родителите сериозно да ги разгледаат и зошто?
3 Што би рекло твоето дете? Дали твоите деца се добро подготвени да си го кажат своето мислење за оваа работа? Дали со сето срце веруваат дека е Божја заповед ‚да се воздржуваат од крв‘? (Дела 15:29; 21:25). Можат ли со помош на Библијата да ги објаснат своите верувања? Дали би можеле и без своите родители храбро да ја бранат својата цврста одлука за крвта, ако лекарите веруваат дека животот им е во опасност? Затоа што „времето и непредвидените настани го снаоѓаат секого“, како можеш да ги подготвиш своите деца за секој непредвиден испит на нивната вера? (Проп. 9:11, NW; Ефеш. 6:4).
4, 5. а) Каква одговорност имаат родителите и како можат да ја исполнат? б) Што може да им помогне на родителите во тоа?
4 Родители, што можете да сторите? Вие ја имате одговорноста да ги поучите своите деца за Божјето гледиште за крвта (2. Тим. 3:14, 15). Едно јасно објаснување се наоѓа во книгата Расправљање на страниците 184-188. Проучете го внимателно со своето семејство. Користејќи ја темата „Ако некој каже —“ на страниците 188-190, вежбајте со своите деца со цел да им помогнете да стекнат искуство во тоа да можат да објаснат што и зошто веруваат (1. Петр. 3:15). Дополнителни информации во врска со крвта можат да се најдат во брошурата Како може крвта да ти го спаси животот? и во Стражарска кула од 15 јуни 2004, страници 14-24. Освен тоа, уверливи информации за разумноста и делотворноста на бескрвната медицина и хирургија можат да се најдат во видео програмата Трансфузија-алтернативна здравствена нега — да се задоволат потребите и правата на пациентот и Без крв — медицината се справува со предизвикот, кои сега се достапни на DVD-то со наслов Лекување без трансфузија — документарна серија. Дали како семејство неодамна сте ја гледале и сте дискутирале за оваа програма?
5 Помогни им на твоите деца ‚да се уверат која е добра и прифатлива и совршена волја Божја‘ во врска со крвта. Потоа тие ќе можат да донесат една зрела одлука која ќе биде благословена од Јехова (Рим. 12:2).