ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/11 стр. 4-7
  • Тридневно духовно освежување

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тридневно духовно освежување
  • Нашата служба за Царството 2011
  • Сличен материјал
  • Нашите обласни конгреси — големо сведоштво за вистината
    Нашата служба за Царството 2012
  • Однесување што му носи фалба на Бог
    Нашата служба за Царството 2013
  • „Живејте примерно меѓу луѓето во светот“
    Нашата служба за Царството 2014
  • Обласните конгреси — прилики кога со радост го славиме Јехова
    Нашата служба за Царството 2010
Повеќе
Нашата служба за Царството 2011
km 4/11 стр. 4-7

Тридневно духовно освежување

1. Што може да очекуваме од овогодишниот обласен конгрес?

1 Во светот на Сатана, каде што владее духовна суша, Јехова постојано ги освежува своите слуги (Иса. 58:11). Меѓу другото, тоа го прави преку годишните обласни конгреси. Како да се подготвиме за овогодишниот конгрес за да бидеме самите духовно освежени и да им помогнеме и на другите да го добијат истото освежување (Изр. 21:5).

2. Со кои подготовки би требало да сме при крај?

2 Ако уште не си го сторил тоа, погрижи се да немаш лични или работни обврски за време на конгресот за да можеш да присуствуваш на програмата сите три дена. Исто така, треба да планираш секој ден да имаш доволно време за патување до конгресната локација за да можеш да најдеш место пред да почне програмата. Не сакаме да пропуштиме ништо од духовниот оброк што Јехова ни го подготвува за да добиеме сила (Иса. 65:13, 14). Дали веќе знаеш каде ќе ноќеваш? Имаш ли обезбедено превоз?

3. Кои предлози ќе ни помогнат нам и на нашето семејство да извлечеме целосна корист од програмата?

3 Што ќе ти помогне да внимаваш на програмата, наместо мислите постојано да ти бегаат? Ако е можно, наспиј се секоја вечер додека трае конгресот. Гледај во говорникот. Најди го секој стих во твојата Библија. Прави кратки забелешки. Добро е сите од семејството да седат заедно за да можат родителите да им помогнат на децата да внимаваат (Изр. 29:15). По можност, навечер зборувајте како семејство за убавите мисли што сте ги чуле во говорите. И откако ќе помине конгресот, вашето семејство може да биде духовно освежено ако на Семејната вечер посветена на Јехова одвоите време за да дискутирате за конкретни поуки кои би сакале да ги примените.

4. Како можеме да им помогнеме на другите во собранието да бидат духовно освежени?

4 Помогни им на другите да добијат духовно освежување: Би сакале и другите да бидат духовно освежени. Дали во вашето собрание има постари објавители или други лица на кои им треба помош за да дојдат на конгресот? Дали би можел да им помогнеш? (1. Јов. 3:17, 18). Старешините, особено надгледниците на група, треба да се погрижат таквите објавители да ја добијат потребната помош.

5. Како ќе делиме покани за конгресот? (Види ја и рамката погоре.)

5 И оваа година, три седмици пред конгресот ќе учествуваме во акција за делење покани. Собранијата треба да си постават за цел да ги разделат сите покани што ќе ги добијат и да обработат колку што е можно поголем дел од своето подрачје. Поканите што на крајот од акцијата ќе му преостанат на вашето семејство треба да си ги понесете на конгресот и да ги користите при неформално сведочење. Дополнителни информации во врска со тоа ќе бидат дадени за време на програмата во петок. Поканите што мислите дека нема да успеете да ги разделите како семејство додека сте во конгресниот град треба да му ги дадете на некој редар кога ќе влезете во конгресниот објект. Ве молиме, задржете си по една покана за себе бидејќи во последниот говор во недела ќе се зборува за неа.

6. Како ќе покажеме убави манири за време на конгресот?

6 Убавите манири се пријатни за другите: Живееме во време кога многу луѓе се „себељубиви“ и немаат обѕир кон чувствата на другите (2. Тим. 3:2). Затоа многу нѐ освежува друштвото на сохристијаните кои се трудат да покажат убави манири. Ќе покажеме убави манири ако, во 8.00 часот наутро, влеземе во конгресниот објект мирно и уредно, и ако зачуваме место само за членовите на семејството, за оние што патуваат со нас во ист автомобил или за интересентите со кои ја проучуваме Библијата. Кога претседавачот на програмата ќе нѐ замоли да седнеме на своето место, ќе го сториме тоа и ќе ја слушаме музиката која ќе биде пуштена пред почетокот на програмата секое претпладне и попладне. Ќе покажеме убави манири и ако начинот на ѕвонење на мобилниот телефон или на пејџерот го наместиме така што нема да им пречи на другите за време на програмата. Освен тоа, ќе бидеме учтиви ако за време на програмата не зборуваме, не праќаме СМС пораки, не јадеме и не шетаме непотребно низ ходниците.

7. Што би можеле да направиме за да уживаме во пријатното друштво на нашите браќа?

7 Пријатно дружење: Конгресите се прилика неколку дена да уживаме во пријатното друштво на нашите браќа и во единството што владее меѓу нас (Пс. 133:1-3). Би било добро да преземеме иницијатива и да се запознаеме со браќа и сестри од други собранија (2. Кор. 6:13). Би можел да си поставиш за цел да се запознаеш барем со едно ново лице или со едно семејство секој ден. Пладневната пауза е одлична прилика да ја постигнеме таа цел. Затоа понеси си нешто за јадење, за да не мораш да одиш да купиш храна или да јадеш во некој ресторан во близина. Јади заедно со другите во кругот на конгресниот објект и уживај во нивното друштво. Поради тоа можеби ќе бидеш благословен и ќе склопиш нови и трајни пријателства.

8. Зошто би требало да се пријавиме како доброволци на конгресот, и како би можеле да го сториме тоа?

8 Навистина е убаво да се соработува со сохристијаните во светата служба! Можеш ли да се пријавиш како доброволец во некој оддел или да му помогнеш на своето собрание кога е на ред за чистење? (Пс. 110:3). Ако немаш некое задолжение, те молиме размисли дали би можел да се пријавиш на Одделот за доброволна служба на конгресот. Колку повеќе помошници толку полесно и порадосно ќе се заврши работата.

9. Зошто би требало да обрнеме посебно внимание на своето однесување и изглед за време на конгресот?

9 Нашето однесување е пријатно за оние што нѐ набљудуваат: Ние сме конгресни делегати цели три дена колку што трае конгресот, а не само за време на програмата. Оние што нѐ набљудуваат додека сме во конгресниот град треба да видат разлика меѓу нас и луѓето што не се Сведоци (1. Пет. 2:12). Со својот изглед треба да му оддаваме слава на Јехова на конгресот, таму каде што сме сместени и во ресторан (1. Тим. 2:9, 10). Ако ја носиме својата значка, оние што нѐ набљудуваат ќе дознаат дека сме Јеховини сведоци. Тоа може да ни даде шанса да им кажеме нешто за нашиот конгрес и да им посведочиме поопширно.

10. На кој начин ќе придонесеме вработените во хотелите, студентските домови и рестораните да добијат добар впечаток од нашиот конгрес?

10 Како би можеле да соработуваме со вработените во хотелите, студентските домови и во рестораните? Не треба да резервираме повеќе соби отколку што вистински ќе користиме, бидејќи на тој начин ќе нема соби за другите делегати, а и хотелот или студентскиот дом ќе биде финансиски оштетен. Ако рецепцијата е преполна кога сакаме да се пријавиме или да се одјавиме, треба да бидеме стрпливи и љубезни (Кол. 4:6). На оние што нѐ послужуваат во ресторан или на вработените во хотелот кои ни ги носат торбите, ни ја чистат собата или ни вршат други услуги треба да им дадеме соодветен бакшиш.

11. Кои искуства покажуваат колку добро сведоштво може да дадеме со своето христијанско однесување?

11 Каков впечаток остава врз луѓето нашето добро однесување за време на конгресот? Според една новинска статија, директорот на еден објект каде што се одржуваат обласни конгреси го рекол следново: „Луѓето се многу учтиви. Би ни било мило да ни бидат гости секоја година!“ Минатата година, некој човек што не е Сведок си го изгубил паричникот во хотел во кој престојувале многу конгресни делегати. Кога директорот на хотелот го добил паричникот со сета негова содржина, му го вратил на сопственикот и му рекол: „Имате среќа што Јеховините сведоци се тука поради нивниот конгрес и хотелот е полн со нив. Да беа други гости, веројатно немаше да ви биде вратен паричникот“.

12. Каква цел треба да си поставиме додека наближува конгресот, и зошто?

12 Овогодишниот конгрес брзо наближува. Се вложува многу време и труд за да се подготви програмата и да се обезбедат пријатни услови за следење на конгресот. Постави си за цел да присуствуваш сите три дена и подготви се да го примиш сето она што Јехова и неговата организација го подготвиле за тебе. Биди решен да ги освежиш другите со своите убави манири, пријатно дружење и добро однесување. Тогаш ти и другите можеби ќе се чувствувате како една сестра која за минатогодишниот конгрес напишала: „Тоа беше за мене едно од најубавите доживувања!“

[Истакната мисла на страница 4]

И оваа година, три седмици пред конгресот ќе учествуваме во акција за делење покани

[Истакната мисла на страница 6]

Со својот изглед треба да му оддаваме слава на Јехова на конгресот, таму каде што сме сместени и во ресторан

[Истакната мисла на страница 7]

Биди решен да ги освежиш другите со своите убави манири, пријатно дружење и добро однесување

[Рамка на страници 4-7]

Потсетувања за обласниот конгрес во 2011 година

◼ Програмски термини: Сите три дена, програмата започнува во 9.20 часот. Вратите ќе бидат отворени во 8.00 часот. Кога ќе биде пуштена музика, сите треба да седнеме на своите места за да може програмата да почне на достоинствен начин. Во петок и сабота, програмата ќе заврши во 16.55 часот, а во недела во 15.40 часот.

◼ Чување место: Може да чуваме место само за оние со кои патуваме во ист автомобил, за своето семејство или за своите гости, како и за оние со кои ја проучуваме Библијата (1. Кор. 13:5).

◼ Пауза за ручек: Ве молиме, донесете си нешто за јадење за да не мора да ја напуштите конгресната локација за да си купите храна. Може да си понесете помало фрижидерче за излет што ќе го ставите под седиштето. Во конгресниот објект не се дозволени големи фрижидерчиња, стаклени садови и алкохолни пијалаци.

◼ Прилози: Нашето ценење за конгресот можеме да го покажеме ако пуштиме доброволен прилог за меѓународното дело во кутиите што се поставени на конгресот.

◼ Несреќи и итни случаи: Ако на конгресната локација се појави потреба од итна медицинска помош, ве молиме кажете му за тоа на некој редар, кој веднаш ќе го извести Одделот за прва помош. Таму има медицински оспособена екипа која ќе процени колку е сериозен проблемот и ќе може да помогне.

◼ Лекови: Ако користиш лекови што се добиваат само на лекарски рецепт, те молиме понеси си доволно од нив бидејќи не ќе можеш да ги добиеш на конгресот.

◼ Обувки: Секоја година, на конгресите се случуваат многу повреди поради несоодветни обувки. Најдобро е да одберете скромни, удобни обувки со кои ќе можете безбедно да одите по скали, на места каде што има решетки и слично.

◼ За лица со оштетен слух: Конгресната програма ќе биде емитувана на ФМ радиофреквенција и ќе може да се слуша во рамките на конгресниот објект. За таа цел е потребен мал ФМ приемник на батерии и слушалки.

◼ Детски колички и столици на расклопување: Во конгресниот објект ќе има одредено места за оние што имаат детски колички, инвалидски колички и столици на расклопување. Ве молиме следете ги упатствата што ќе ги дадат конгресниот одбор и редарите. Најдобро е да се користат детски безбедносни седишта за во автомобил кои можат да се прицврстат на седиштата до родителите.

◼ Парфеми: Повеќето конгреси се одржуваат во затворени простории. Затоа, би било љубезно од наша страна да не користиме јаки парфеми, колонски води и дезодоранси кои можат да им пречат на оние што имаат тешкотии со дишењето или други слични проблеми (1. Кор. 10:24).

◼ Формулари за да се посетат заинтересираните: Во формуларот Те молиме, посети го ова лице (S-43) треба да се внесат основните податоци за секое лице што покажало интерес кога сме му сведочеле неформално за време на конгресот. Објавителите треба да си носат со себе на конгресот по два-три вакви формулари. Пополнетите формулари можете да ги предадете во Одделот за литература или да му ги дадете на секретарот во вашето собрание кога ќе се вратите од конгресот. (Види во Нашата служба за Царството од ноември 2009, страница 4.)

◼ Ресторани: Славете го Јеховиното име со своето добро однесување во рестораните. Вообичаено е да се остави бакшиш.

◼ Сместување во хотели и студентски домови:

1) Те молиме, не резервирај повеќе соби отколку што ти се потребни, а во собата не треба да ноќеваат повеќе луѓе отколку што е дозволено.

2) Не откажувај ја резервацијата, освен ако мораш поради некоја итна ситуација. Во тој случај, веднаш јави се во хотелот (Мат. 5:37).

3) Немој да готвиш во собите ако тоа не е дозволено.

4) Дај им бакшиш на вработените во хотелот ако ти го носат багажот, и секој ден остави ѝ бакшиш на собарката.

5) Умерено користи ги бесплатниот појадок и кафето што се обезбедени за гостите во хотелот или студентскиот дом.

6) Секогаш кога му се обраќаш на хотелскиот персонал, покажувај ги плодовите на духот. Тие се грижат за многу гости, и затоа ја ценат нашата љубезност, стрпливост и разумност.

7) Ако се појави некој проблем околу хотелската соба, извести го за тоа Одделот за сместување кога ќе дојдеш на конгресот.

◼ Доброволна служба: Радоста што ја чувствуваме кога сме на конгрес ќе биде уште поголема ако се пријавиме да помогнеме во работата околу конгресот (Дела 20:35). Секој што сака може да се пријави во Одделот за доброволна служба на конгресот. И деца под 16 години можат да помогнат така што ќе работат со еден од родителите или со некое друго одговорно возрасно лице.

[Рамка на страница 5]

Како ќе ги нудиме поканите?

За да го обработиме целото подрачје, треба да бидеме кратки. Би можеле да го кажеме следново: „Здраво. Имам за Вас една покана која се дели низ целиот свет. Повелете! Подетални информации ќе најдете на самата покана“. Предната страна на поканата го привлекува вниманието, па затоа дај му ја на станарот така што ќе може да ја види. Биди воодушевен. За викенд, заедно со поканата можеш да понудиш и списанија, доколку процениш дека тоа е соодветно.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели