Предлози
Како да започнеме библиски студии првата сабота во јули
„Многу луѓе ги повторуваат зборовите од молитвата Оченаш: ‚Да дојде царството твое. Да биде волјата твоја, како на небото така и на земјата‘. Што мислите, какво е тоа Царство? [Почекај да одговори.] Следниве зборови од Библијата ни помагаат да го добиеме одговорот.“ Прочитај Даниел 2:44. Потоа дај му на станарот една Стражарска кула од 1 јули и прочитајте го и разгледајте го текстот под првиот поднаслов на 16. страница. На крајот, понуди му ги двете списанија и договорете се кога да дојдеш пак за да го разгледате одговорот на следното прашање.
Стражарска кула 1 јули
„Поради тоа што животот е краток и полн со проблеми, многумина се прашуваат која е смислата на животот. Дали и Вие сте си го поставиле тоа прашање? [Почекај да одговори.] Библијата нѐ уверува дека нема засекогаш да се живее исто како сега. [Прочитај Откровение 21:4.] Во ова списание станува збор за Божјата намера со Земјата. Во него се наброени и неколку работи што би требало да ги направиме за нашиот живот уште сега да има вистинска смисла.“
Разбудете се! Јули
Спомни некоја трагедија за која се зборува на вестите. Потоа прашај: „Што мислите, зошто Бог дозволува да се случат вакви работи? [Почекај да одговори.] Библијата ни покажува дека на Бог му е жал за луѓето што страдаат. [Прочитај 2. Мојсеева 3:7.] Библијата исто така ни објаснува зошто Бог дозволува да има трагедии и покажува дека наскоро ќе ги отстрани засекогаш. Сето тоа можете да го прочитате во ова списание“.