Предлози
Како да започнеме библиски студии првата сабота во јули
„Речиси нема човек што не би сакал да живее долго и среќно. Што мислите, дали науката и медицината ќе успеат да ја откријат формулата за вечен живот? [Почекај да одговори.] Видете што пишува овде.“ Покажи му ја статијата на последната страница од Стражарска кула од 1 јули и разгледајте го заедно текстот под првото прашање и барем еден од наведените стихови. На крајот, понуди му ги двете списанија и договорете се кога да дојдеш пак за да го разгледате следното прашање.
Забелешка: Овој приказ треба да се изнесе на состанокот за проповедање што ќе се одржи на 6 јули.
Стражарска кула 1 јули
„Многу од луѓето со кои зборуваме имаат своја религија. Но, други велат дека изгубиле секаква доверба во религијата. Што мислите Вие за религијата? [Почекај да одговори.] Исус ни дал мерило по кое може да процениме каква е некоја религија. [Прочитај Лука 6:44а.] Во ова списание се разгледани некои од лошите плодови на религијата. Даден е и одговор на прашањето: Дали некоја религија заслужува да имаме доверба во неа?“
Разбудете се! јули
„Зборуваме за еден проблем што ги вознемирува луѓето — неправдата. Некои се борат против неправдите преку протести. Што мислите, дали луѓето што протестираат ќе успеат да сменат нешто? [Почекај да одговори.] Видете што вели Библијата за тоа кој може да направи вистински промени на Земјата. [Прочитај Матеј 6:9, 10.] Ова списание дава одговор на прашањето: Дали протестите се вистинското решение?“
Добра вест од Бог!
„Ги посетуваме луѓето зашто сакаме да им пренесеме една убава мисла од Библијата. Мнозина со кои зборуваме се прашуваат зошто Бог дозволува да има толку многу страдања во светот. Што мислите, дали страдањето било дел од Божјата намера со Земјата?“ Почекај да одговори. Потоа сврти на лекција 5 и прочитајте ги и дискутирајте за првите два пасуса и за стиховите со коси букви. Понуди ја брошурата и договорете се кога да дојдеш пак за да го разгледате следното прашање напишано со масни букви.