Предлози
Како да започнеме библиски студии првата сабота во март
„Многу луѓе го слават раѓањето на Исус, но што мислите, дали е важно да се потсетиме и на неговата смрт?“ Почекај да одговори. Потоа дај му на станарот една Стражарска кула од 1 март и разгледајте го заедно текстот под првиот поднаслов на 16. страница и најмалку еден од наведените стихови. На крајот, договори се кога да дојдеш пак за да го разгледате следното прашање.
Стражарска кула 1 март
„Постојат многу цркви и вери со најразлични верувања и обичаи. Што мислите, дали секој што се изјаснува како христијанин, навистина е христијанин? [Почекај да одговори.] Според Исус, ова е една работа по која ќе се распознаваат вистинските христијани. [Прочитај Јован 13:34, 35.] Во ова списание се разгледани пет изјави на Исус што ни помагаат да дознаеме кои се неговите вистински следбеници.“
Разбудете се! Март
„Разговараме со луѓето за еден загрижувачки факт. Се чини дека денес луѓето се сѐ погневни и многу побрзо избувнуваат. Што мислите, што е причината за тоа? [Почекај да одговори.] Видете што вели Библијата за гневот. [Прочитај Псалм 37:8.] Во ова списание ќе прочитате некои од причините за сѐ поголемиот гнев денес, но ќе прочитате и како можеме да го контролираме гневот.“