ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 15/12 стр. 30
  • Се сеќаваш ли?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се сеќаваш ли?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Сличен материјал
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Труди се да гледаш на другите онака како што гледа Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Учел од своите грешки
    Угледајте се на нивната вера
  • Тој учел од своите грешки
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 15/12 стр. 30

Се сеќаваш ли?

Дали уживаше во читањето на неодамнешните изданија на Стражарска кула? Ако да, ќе ти биде интересно да се потсетиш на следново:

◻ Зошто можеме да имаме доверба во Јеховиниот избор на поединците кои го водат неговиот народ?

За извесни одговорности Јехова избира поединци кои ги имаат квалитетите што се потребни за да го водат неговиот народ на начинот на кој Тој сака да оди баш во тоа време (15.8., страница 14).

◻ Што можеме да научиме од искуството на Јона?

Јона премногу мислел на себе, а премалку на другите. Можеме да учиме од Јона така што ќе се држиме себеси и своите лични чувства во заднина (15.8., страница 19).

◻ Во која смисла може да се рече дека „името на Господа е цврста кула“? (Изреки 18:11).

Да најдеме заклон во Божјето име значи да имаме доверба во самиот Јехова (Псалм 19:1; 122:4, NW). Тоа значи да се поддржи неговиот суверенитет, неговите закони и начела, како и да се има вера во неговите ветувања и да му се покаже исклучителна оддаденост (Исаија 50:10; Евреите 11:6; 1.9., страница 10).

◻ Како Павловата метода на сведочење пред достоинствениците ни дава пример нам?

Кога зборувал со царот Агрипа, Павле користел дискреција, нагласувајќи точки околу кои тој и Агрипа се сложувале. На сличен начин, ние треба да ги нагласуваме позитивните аспекти на добрата вест, ставајќи го акцентот на надежите кои ни се заеднички (1. Коринтјаните 9:22; 1.9., страница 31).

◻ Кој извлекува корист од Јеховината стрпливост?

Поради Јеховината стрпливост, уште на милиони луѓе денес им се дава прилика да се спасат преку претстојниот ‚Јеховин ден‘ (NW) (2. Петрово 3:9—15). Исто така, неговата стрпливост му дозволува на секого од нас ‚со страв и со трепет да го гради своето спасение‘ (Филипјаните 2:12; 15.9., страница 20).

◻ Колку бил вреден библискиот превод Септуагинта?

Овој превод одиграл важна улога во ширењето на спознанието за Јехова Бог и за неговото Царство со Исус Христос како Цар. Со Септуагинтата бил положен важен темел за Евреите и не-Евреите од првиот век кои зборувале грчки да ја прифатат добрата вест за Царството (15.9., страница 30).

◻ Што нѐ учи за Бог параболата за расипничкиот син?

Прво, дека Јехова е „штедар и милостив, долготрпелив, многумилостив и вистински!“ (2. Мојсеева 34:6). Второ, дека тој е ‚спремен да прости‘ кога некоја промена во срцето му дава основа да покаже милост (Псалм 86:5, NW; 1.10., страници 12, 13).

◻ Кога ќе се остварат мирољубивите околности кои се ветени во Исаија 65:21—25?

Како Јеховини обединети обожаватели во денешниот духовен рај, помазаниците и лицата од ‚другите овци‘ уште сега го доживуваат мирот кој го дава Бог (Јован 10:16). Таквиот мир ќе се прошири и во физичкиот Рај, кога ‚волјата Божја ќе се врши како на небото така и на земјата‘. Во тоа време зборовите на пророкот Исаија ќе се остварат во потполност (Матеј 6:10; 15.10., страница 24).

◻ Зошто христијаните ги одбележуваат годишнините на бракот, но не и родендените?

Библијата не го става бракот во лошо светло. Сосема приватна работа е дали христијаните ќе изберат да ја одбележат годишнината на бракот, размислувајќи за радоста на тој настан и за својата решеност да работат на тоа да успеат како двојка. Меѓутоа, единствени роденденски прослави во библискиот запис се родендени на пагани, и тие биле поврзани со случаи на сурови постапки (15.10., страници 30, 31).

◻ Што претставува ‚огнот‘ во Павловата илустрација запишана во 1. Коринтјаните 3:12, 13, и за што треба да бидат свесни сите христијани?

Сите ние во животот се соочуваме со оган — испити на нашата вера (Јован 15:20; Јаков 1:2, 3). Секој кого го поучуваме за вистината ќе биде испитан. Ако лошо поучуваме, може да има жалосни последици, како што предупредил Павле (1. Коринтјаните 3:15; 1.11., страница 11).

◻ Како Ное ‚одел со вистинскиот Бог‘? (1. Мојсеева 6:9, NW).

Ное одел со Бог во таа смисла што го вршел она што Бог му го кажувал. Поради тоа што го посветил својот живот на вршењето на Божјата волја, Ное уживал еден топол и присен однос со Бог (15.11., страница 10).

◻ Кои прилики ни се отворени со тоа што не го знаеме точното време кога ќе биде извршена Божјата освета врз злобните?

Тоа ни дава прилика да докажеме дека навистина го љубиме Јехова и дека сакаме засекогаш да одиме по неговите патишта. Исто така, тоа покажува дека ние сме му лојални на Бог и дека имаме доверба во неговиот начин на справување со работите. Освен тоа, ни помага да останеме претпазливи и духовно будни (Матеј 24:42—44; 15.11., страница 18).

◻ Што значи да се положи вера „во името на Синот Божји“? (1. Јованово 5:13).

Тоа значи да се слушаат сите Христови заповеди, вклучувајќи ја и неговата заповед да се ‚љубиме еден со друг‘ (Јован 15:14, 17). Љубовта настојува да им прави добро на другите. Таа ги истерува сите расни, религиозни и социјални предрасуди (1.12., страница 7).

◻ Зошто Јеховините сведоци се „намразени“? (Матеј 10:22).

Јеховините сведоци се неправедно мразени заради истите причини заради кои биле прогонувани и раните христијани. Прво, Јеховините сведоци дејствуваат според своите религиозни верувања на начини кои ги прават непопуларни кај некои. Второ, тие биле мета на лажни обвиненија — дебели лаги и извртено претставување на нивните верувања (1.12., страница 14).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели