Речта на Царството — да се сфати нејзината смисла
1 Во својата илустрација за сејачот, Исус рекол дека семето што паѓа на „добра земја“ го претставува „оној, што го слуша словото и го разбира“ (Мат. 13:23). Кога сме чуле за Царството, дали сме ‚разбрале‘? Колку многу влијаело тоа врз нашиот живот? Дали сме ги ставиле интересите на Царството на прво место, со што откриваме дека сме ја разбрале пораката?
2 Исправното разбирање на пораката на Царството изискува лична студија. Треба да одвоиме време за да медитираме за дадената духовна храна. Брзото читање на Стражарска кула е како јадење на вкусен и хранлив оброк без џвакање. Дали одвојуваш време за темелно да ја разгледаш духовната храна? За да ја извлечеш најголемата корист, мора да имаш подбудувачки и здрав духовен апетит. Ако тој недостига, другите активности можат да ги сведат на минимум користите од личната студија или да ни го одземат времето што ни треба за неа. Не е лесно човек да се придржува кон еден добар распоред за проучување. Но, иако тоа бара внимателно да се урамнотежат приоритетите, духовните богатства што ќе се добијат се бесценети (Изр. 3:13-18; Кол. 1:27).
3 Брошурата Секојдневно разгледување на Писмото ни помага секој ден да негуваме позитивни, изградувачки мисли за Царството. Оние кои се „свесни за своите духовни потреби“ планираат да одвојат по неколку минути секој ден за да ги прочитаат стихот и коментарот (Мат. 5:3, НС). Голем број дневни стихови објаснуваат различни фасети на Царството. На пример, дневен стих за 22 ноември 1994 беше Матеј 13:4. Коментарот ја разгледуваше надежта за Царството и нѐ потсети на опасностите од нездраво дружење со роднините и соседите. Фактот што во бетелските домови низ целиот свет секој работен ден наутро има 15-минутна дискусија за дневниот стих, ја нагласува користа и сериозноста на заедничкото разгледување на дневниот стих. Дали во дневната рутина на вашето семејство спаѓа и едно такво разгледување?
4 Додека расте твоето ценење за Царството, ќе расте и потстрекот да ја делиш со другите пораката за Царството. Стражарска кула и Разбудете се! нѐ осигуруваат со она што може да се смета за душевно гориво кое ни ги храни умовите со свежи, најнови информации. Тие ни помагаат да останеме длабоко свесни за тоа колку многу на светот му треба Божјето Царство. Ни помагаат да бидеме духовни личности кои ‚имаат ум Христов‘ (1. Кор. 2:15, 16). Сето ова може да ни ја зајакне надежта и да ни ја зголеми ревноста да ја делиме надежта за Царството со другите (1. Петр. 3:15).
5 Суштински важно е ние лично да ја разбереме пораката за Царството. Царството е средството што Бог ќе го употреби за да ја поддржи својата сувереност, да му стави крај на злото и да донесе нов свет — рај. Исус ни заповедал да го ставиме на прво место во нашиот живот. Мораме да бидеме поданици што се слични на овци за да живееме под таа влада (Мат. 6:10, 33). Искористи ја најдобро оваа предност за да ги уживаш неговите благослови.