ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 2/95 стр. 2
  • Состаноци за служба за февруари

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци за служба за февруари
  • Нашата служба за Царството 1995
  • Поднаслови
  • Седмица од 6 февруари
  • Седмица од 13 февруари
  • Седмица од 20 февруари
  • Седмица од 27 февруари
Нашата служба за Царството 1995
km 2/95 стр. 2

Состаноци за служба за февруари

Седмица од 6 февруари

Песна 73

10 мин: Локални известувања. Избрани Известувања од Наша служба за Царството. Прикажи како може да се нудат при работа од врата до врата статиите од најновите списанија.

17 мин: „Проповедањето — почесна предност.“ Прашања и одговори. Дај дополнителни коментари темелени на Стражарска кула од 1 ноември 1990, стр. 30, пас. 13-16.

18 мин: „Делотворно претставување на книгата Живеј засекогаш.“ Повторување на главните точки заедно со присутните, вклучувајќи и коментари од Водич за Школата, стр. 45, пас. 9-12. Дискутирај за тоа какви уводи можат да бидат делотворни на вашето подрачје. Прикажи една до две презентации.

Песна 82 и заклучна молитва.

Седмица од 13 февруари

Песна 103

5 мин: Локални известувања. Благајнички извештај. Ако од Заедницата е добиено писмо на благодарност за донациите, прочитај го.

10 мин: По потреба на собранието. Или, говор темелен на статијата „Зошто да се зборува за Бог?“, од Разбудете се! од јануари–март 1995, стр. 13-15.

15 мин: „Речта на Царството — Да се сфати нејзината смисла.“ Прашања и одговори. Двајца до тројца поединци нека раскажат како и кога лично проучуваат или го разгледуваат дневниот стих.

15 мин: „Мислете на другите — 2. дел.“ Говор и дискусија што ќе ја води старешина. Укажи на каков било проблем што е забележан локално, и дај соодветен совет.

Песна 109 и заклучна молитва.

Седмица од 20 февруари

Песна 134

12 мин: Локални известувања. Укажи на статии од најновите списанија што одговараат локално. Прикажи презентации.

15 мин: „Поедноставување за Обласниот конгрес во 1995.“ Додаток. Говор од пасуси 1-8, што ќе го одржи претседавачкиот надгледник. Нагласи ги позитивните страни на промената да не се служи храна.

18 мин: „Следи го интересот што си го пронашол.“ Дискусија со присутните. Раскажи некои коментари што изразуваат ценење од луѓе кои ја добиле книгата Живеј засекогаш. Имај еден до два кратки прикази кои покажуваат како може да се употребат предложените презентации. Охрабри ги сите да се обидат да започнат библиски студии со интересентите.

Песна 147 и заклучна молитва.

Седмица од 27 февруари

Песна 184

10 мин: Локални известувања. Дискусија за статијата „Да се извлече корист од ревидираните јавни предавања“.

20 мин: „Поедноставување за Обласниот конгрес во 1995.“ Додаток. Прашања и одговори за 9-19. пасус, што ќе ги води собранискиот секретар. На крајот сврти го вниманието на рамката со потсетници. Нагласи дека треба да се покаже досетливост за да се донесат на конгресот само неопходната храна и слични работи.

15 мин: Нудење на книгата Откровение во текот на март. Охрабри ги сите да бидат одушевени кога ја нудат. Разгледај ги причините за нејзиното објавување, како што се објаснети во книгата на 8. страница. Раскажи некои изрази на ценење за книгата. Разгледај ја и накратко прикажи ја презентацијата што започнува со прашањето: „Сте чуле ли некогаш за четирите јавачи на Апокалипсата?“ (Види Наша служба за Царството од март 1994, стр. 4.) Потсети ги сите да си понесат за во службата овој викенд примероци од книгата.

Песна 207 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели