ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/95 стр. 8
  • Ставање знак што носи избавување

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ставање знак што носи избавување
  • Нашата служба за Царството 1995
  • Сличен материјал
  • Наврати повторно за да спасиш некого
    Нашата служба за Царството 1996
  • Следи го секој интерес за да им бидеш од корист на другите
    Нашата служба за Царството 1995
  • Предложени презентации за служба на теренот
    Нашата служба за Царството 2005
  • Целото Писмо е полезно за поука
    Нашата служба за Царството 1995
Повеќе
Нашата служба за Царството 1995
km 5/95 стр. 8

Ставање знак што носи избавување

1 Пред да ги изврши своите праведни осуди, Јехова секогаш предупредува и им дава излез на кротките. Во деновите на Језекиил имало поединци кои жалеле и воздивнувале поради гадотиите што се вршеле. Јехова уредил таквите достојни да бидат обележани за избавување (Езек. 9:4-6). Нашето денешно проповедничко дело ја постигнува истата цел. Ние можеме да играме важна улога.

2 Пронаоѓањето на искрените луѓе е само првиот чекор. Се договараме за повторна посета. Се подготвуваме за повторната посета уште при првата посета со тоа што забележуваме што сме оставиле и на која тема сме дискутирале. Успехот на повторната посета во голема мера зависи од она што сме го подготвиле за да го кажеме и да го направиме кога повторно ќе дојдеме.

3 При посетата на местата каде што си оставил „Стражарска кула“, можеш да се сосредоточиш на нејзината главна тема:

◼ „Забележете дека на насловната страница на Стражарска кула се појавува изјавата ‚го објавува Јеховиното Царство‘. Она што го прави посебно ова списание е тоа што го застапува Божјето Царство како единствено решение за проблемите на светот. Тоа објаснува што ќе постигне Божјето Царство кога ќе се врши Божјата волја на Земјата. Ова е добрата вест за која Исус рекол дека ќе се објавува по целиот свет.“ Прочитај Матеј 24:14 и објасни како може да се добива редовно Стражарска кула и да се користи за лична библиска студија.

4 Можеби претпочиташ да се сосредоточиш само на Библијата и да нагласиш дека е потребно да се чита редовно. Можеш да речеш:

◼ „Изгледа дека скоро сите што ги познаваме би ценеле некои практични совети за тоа како да се борат успешно со проблемите во секојдневниот живот. Што мислите, каде можеме да најдеме совети на кои ќе можеме да веруваме? [Дозволи одговор.] Многумина кои се потпреле на советите од пријателите, или платиле за професионални совети, биле прилично разочарани. Од друга страна, пак, милиони луѓе утврдиле дека Библијата е единствениот извор на совети на кои навистина може да им се верува. Библијата дава упатства за тоа како можеме да се соочиме со секој проблем на кој ќе наидеме. [Прочитај 2. Тимотеј 3:16, 17.] Иако можеби сметате дека е тешко да се разбере Библијата, дозволете ми да Ви покажам како може да се употребува за да се отвори една ризница од мудри совети.“ Избери некој вообичаен проблем што ги загрижува луѓето и употреби мисли од книгата Расудување или од Теми за дискусија, кои илустрираат како може да ни помогне Библијата да ги решиме проблемите и да имаме позитивен став кон иднината.

5 За да започнеш библиска студија, можеш да ја употребиш книгата „Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата“, користејќи го следниов увод:

◼ „Ние ги сакаме своите семејства и им го посакуваме најдоброто. Каква корист би извлекло Вашето семејство кога би живеело во еден ваков свет?“ Покажи ги илустрациите на 156. и 157. страница. Прочитај еден до два стиха цитирани на тие страници и објасни дека тоа се ветувања од Јехова Бог, кој не може да лаже. Осврни се на поглавјата што се наброени на 5. и 6. страница и прашај го станарот која тема го интересира најмногу; сврти на поглавјето што ќе го избере и разгледајте еден до два пасуси.

6 Би сакал ли да помогнеш некому да биде означен за избавување? Успехот лежи во ‚потполното извршување на својата служба‘ преку подготвување и навремено следење на секој интерес што ќе го пронајдеш (2. Тим. 4:5, НС).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели