ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 15/2 стр. 27-29
  • Гледај зад работите кои ги гледаш!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Гледај зад работите кои ги гледаш!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто е потребен?
  • Сегашните неволји сметај ги за моментални!
  • Сосредоточи се на невидливите вечни работи!
  • Живеј за да го видиш она што е невидливо!
  • Дали се фокусираш на наградата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Служи му верно на Бог и покрај ,многуте неволји‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Да останеме цврсти како да го гледаме Невидливиот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Не откажувај се од трката за живот!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 15/2 стр. 27-29

Гледај зад работите кои ги гледаш!

ДОБРИОТ телесен вид е благослов. Всушност, повеќето луѓе би рекле дека малку работи што ги поседуваат се поскапоцени од видот. Меѓутоа, за христијаните постои еден вид за којшто зборувал апостол Павле, кој има поголема вредност дури и од добриот телесен вид. „[Ние] ги држиме очите не на работите кои се гледаат, туку на работите кои не се гледаат“, напишал Павле (2. Коринтјаните 4:18, НС). Тоа мора да е некој навистина посебен вид гледање кој му овозможува на човека да гледа работи кои не се гледаат! Би можеле да го наречеме извонреден духовен вид.

Зошто е потребен?

Христијаните од првиот век имале вистинска потреба од ваков духовен вид. Тие ја извршувале својата христијанска служба под големи тешкотии. Павле вака се изразил: „Во сѐ сме навредувани, но не сме притеснети; во тешкотии сме, не губиме надеж; нѐ гонат, но не сме изоставени; нѐ кутнуваат, но ние не загинуваме“ (2. Коринтјаните 4:8, 9).

И покрај таквите околности, верните ученици стоеле цврсто. Со јака вера во Бог, тие можеле да речат како Павле: „Ние не паѓаме со духот; но, ако нашиот надворешен човек тлее, внатрешниот од ден на ден се подновува“. Но, што ја предизвикувало оваа секојдневна обнова? Павле понатаму рекол: „Зашто нашите сегашни лесни страдања ни донесуваат во голема изобилност вечна и полна слава, имајќи го предвид не видливото, туку невидливото, бидејќи видливото е времено, а невидливото — вечно“ (2. Коринтјаните 4:16-18).

Павле ги охрабрувал своите духовни браќа да не дозволат проблемите, тешкотиите, прогонствата — неволјите од каква и да било природа — да им го затемнат погледот кон славната награда што била поставена пред нив. Тие требало да гледаат зад своите моментални околности, држејќи ги очите вперени кон среќниот исход од христијанскиот пат. Тоа било она што им помагало секојдневно да ја обновуваат својата решеност да се стремат во битката. Денешните христијани имаат подеднаква потреба од таков добар духовен вид.

Сегашните неволји сметај ги за моментални!

Сакале или не, секојдневно гледаме работи кои поарно не би сакале да ги видиме. Ако само кратко погледнеме во огледалото, не можеме а да не ги забележиме непожелните дамки и маани на физичкото тело, кои се показатели за телесната несовршеност. Кога ќе се загледаме во огледалото на Божјата Реч, гледаме духовни лузни и маани, и кај себе и кај другите (Јаков 1:22-25). А ако погледнеме во дневниот печат или на телевизискиот екран, извештаите за неправда, свирепост и трагедии веднаш ни го свртуваат вниманието и нѐ трогнуваат во срцето.

Сатана би сакал да нѐ направи очајни поради работите кои ги гледаме или да застраниме и да почнеме да се колебаме во верата. Како можеме да го спречиме тоа? Мораме да го следиме примерот што го поставил Исус Христос, како што препорачал и апостол Петар кога рекол: „Бидејќи вие сте за тоа повикани, оти и Христос пострада за нас, оставајќи ни пример, за да врвиме по Неговите стапки“ (1. Петрово 2:21). Во секој аспект од христијанското живеење, Исус бил совршен пример.

Укажувајќи на Исус како на наш модел, Петар особено споменал дека Исус страдал. Навистина, Исус многу пострадал кога бил на Земјата. Како Јеховин „главен работник“ (НС), кој бил присутен при создавањето на човештвото, тој точно знаел какви требало да бидат луѓето според Божјата волја (Изреки 8:30, 31). Но, сега од прва рака видел какви станале поради гревот и несовршеноста. Секојдневно ги гледал и се справувал со несовршеностите и слабостите на луѓето. Тоа мора да било искушувачко за него (Матеј 9:36; Марко 6:34).

Освен неволјите на другите, Исус доживувал и свои (Евреите 5:7, 8). Но, со совршен духовен вид, тој гледал зад нив — кон наградата да биде подигнат во бесмртен живот поради неговиот беспрекорен пат. Потоа, како Месијански Цар, би ја имал предноста да го врати измаченото човештво од неговата понижена состојба назад во совршенството кое Јехова првобитно го намеравал. Држењето на својот поглед сосредоточен на овие невидливи идни изгледи, му помогнало да задржи радост во Божјата служба, и покрај неволјите што ги гледал од ден на ден. Павле подоцна напишал: „Поради Неговата идна радост претрпе крст, откако го презре срамот, и седна од десната страна на престолот Божји“ (Евреите 12:2).

Исус никогаш не дозволил тешкотиите и искушувачките околности да го наведат на очај, да застрани или да се поколеба во својата вера. Како негови ученици, мораме тесно да го следиме неговиот извонреден пример (Матеј 16:24).

Сосредоточи се на невидливите вечни работи!

Зборувајќи за тоа што му овозможило на Исус да истрае, Павле истакнал по кој пат треба ние да одиме, кога напишал: „Со трпеливост да побрзаме кон претстојната борба, имајќи Го пред очи [додека внимателно гледаме на, НС] Началникот и Завршителот на верата — Исуса“ (Евреите 12:1, 2). Да, за да трчаме по христијанскиот пат успешно и радосно, мораме да гледаме зад работите кои се непосредно пред нас. Но, како можеме да ‚гледаме внимателно‘ на Исус и што ќе ни донесе тоа?

Како пример, во 1914 година Исус бил поставен за Цар на Божјето Царство и тој владее од небото. Се разбира, сето тоа е невидливо за нашите физички очи. Сепак, ако ‚гледаме внимателно‘ на Исус, нашиот духовен вид ќе ни помогне да видиме дека тој сега е готов да стапи во акција за да му стави крај на сегашниот зол систем на ствари и да ги стави Сатана и неговите демонски орди во вериги на неактивност. Ако гледаме уште понатаму, нашата духовна визија ќе го открие прекрасниот нов свет, во кој „смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина“ (Откровение 19:11-16; 20:1-3; 21:4).

Затоа, наместо да бидеме оптоварени со привремените неволји со кои можеби мораме да се соочуваме секој ден, зошто да не го сосредоточиме нашиот поглед на работите кои се вечни? Со очите на верата, зошто да не гледаме зад болеста и алчноста на оваа загадена Земја за да видиме рај исполнет со здрави, среќни и грижливи луѓе? Зошто да не гледаме зад нашите маани, било физички или духовни, и да се видиме засекогаш ослободени од нив преку заслугата на Христовата откупна жртва? Зошто да не гледаме зад колежот што го оставаат војната, криминалот и насилството и да ги видиме нововоскреснатите лица како се поучуваат за Јеховиниот мир и праведност?

Освен тоа, ‚внимателното гледање‘ на Исус би подразбирало да го сосредоточиме нашиот духовен вид и на она што Царството, иако невидливо, веќе го постигнало меѓу Божјиот народ на Земјата: единство, мир, љубов, братска наклоност и духовна благосостојба. Откако ја видела видеокасетата Обединети преку божествената поука, една христијанка од Германија напишала: „Видеокасетата ќе ми помогне сѐ повеќе да имам на ум дека толку многу христијански браќа и сестри ширум светот во истиот овој момент лојално му служат на Јехова — без оглед на тоа како реагираат луѓето. Колку само е скапоцено нашето братско единство во свет на насилство и омраза!“

Дали и ти ги „гледаш“ Јехова, Исус, верните ангели и милионите сохристијани кои стојат покрај тебе? Ако да, нема да бидеш претерано загрижен со „грижите од овој свет“ кои би можеле потполно да те обесхрабрат и да те натераат да станеш „без род“ во христијанската служба (Матеј 13:22). Затоа, ‚гледај внимателно‘ на Исус така што ќе ги сосредоточиш своите духовни очи на Божјето воспоставено Царство и на неговите сегашни и идни благослови.

Живеј за да го видиш она што е невидливо!

Гледајќи ја острата разлика помеѓу Божјиот вечен нов свет и денешниот стар свет што се распаѓа, би требало да бидеме мотивирани да се однесуваме на таков начин што ќе бидеме сметани за достојни да доживееме дословно да ги видиме работите кои денес можат да се видат само со очите на верата. Мноштвата воскреснати одвај ќе им веруваат на своите очи кога откако ќе се разбудат ќе видат една праведна рајска Земја која е толку поинаква од светот што го виделе пред да умрат. Замисли ја нашата радост да бидеме живи за да ги поздравиме и да им објасниме што сторил Бог! (Спореди Јоил 2:21-27.)

Да, колку само е скапоцен добриот духовен вид и колку само е животоважно да го одржуваме остар! Тоа ќе го постигнеме само ако редовно се ангажираме со лична библиска студија, ако присуствуваме на христијанските состаноци, ако зборуваме со другите за нашата библиски темелена надеж и, над сѐ, ако се молиме за божествено водство. Тоа ќе ја одржи нашата духовна визија остра и јасна, овозможувајќи ни да гледаме зад работите што ги гледаме!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели