Да ја презентираме добрата вест со позитивен став
1 Сите ние сакаме да најдеме радост и исполнување во она што го правиме, особено во делото на правење ученици. Што ни донесува такво задоволство? Тоа почнува со оддржувањето позитивен душевен став додека сме зафатени во делото на помагање на другите, кое е вредно за труд (Изр. 11:25). Нашиот начин на презентирање на добрата вест би требало да покаже дека ние вистински веруваме во она што го кажуваме. Ако зборуваме од срце, тогаш нашата искреност и лично убедување ќе се покажат (Лука 6:45). Со вежбање на нашата презентација ќе се чувствуваме посигурни кога им зборуваме на луѓето на подрачјето. Ова ќе биде од особена вредност во текот на септември, кога ќе ја нудиме книгата Животот — Како настанал? Преку еволуција или преку создавање? Можеби ќе увидиш дека следниве предлози се од помош во презентирањето на добрата вест со еден позитивен став.
2 Кога ја нудиш книгата „Создавање“, при првата посета би можел да го речеш ова:
◼ „При разговор со нашите соседи, увидовме дека некои ја полагаат својата доверба во Бог. На други им е тешко да веруваат во него. Што мислите Вие? [Дозволи одговор.] Забележете како расудува Библијата во врска со оваа работа? [Прочитај Римјаните 1:20.] Доказот за Божјата ‚вечна сила и Божеството‘ можеме да го видиме ако ги набљудуваме работите кои тој ги создал“. Прочитај го последниот пасус на страница 48 од книгата Создавање и обрни внимание на сложеноста на живата клетка. Или, употреби го 18. пасус на страница 147 за да покажеш како зачудувачкиот кружен систем на дрвото го истакнува делото на Творецот. Понуди му на лицето да ја има книгата, ако се согласува да ја чита. Ако се согласи, отстапи му ја и објасни му дека радо прифаќаме донации за нашето светско дело.
3 Кога се враќаш за да ги посетиш оние со кои си дискутирал за Божјето творештво, можеби ќе сакаш да го кажеш ова:
◼ „При мојата претходна посета, зборувавме за доказот за Божјето постоење — неговото чудесно творештво. Дали сметате дека Ви е тешко да верувате дека Оној кој го создал универзумот би бил заинтересиран и за нашата иднина? [Дозволи одговор.] Интересно е да се забележи дека Творецот веќе ја одредил иднината“. Прочитај Исаија 46:9, 10. Зависно од интересот на поединецот, употреби ги сликите и текстовите под сликите од 19. поглавје од книгата Создавање за да ги истакнеш идеалните околности кои ги ветил Бог. Прочитај го 1. пасус од 20. поглавје и понуди библиска студија. Ако е прифатена, студијата започни ја со книгата Спознание.
4 Кога ја нудиш книгата „Создавање“, би можел да се обидеш со следнава презентација:
◼ „Додека разговарав со луѓето од соседството, забележав дека повеќето копнеат по сигурно општество и еден мирољубив свет. Какво е Вашето мислење во врска со тоа зошто луѓето не успеале да постигнат такви околности? [Дозволи одговор.] Некои водачи можеби се искрени и прават нешто добро, но забележете каков мудар совет дава Библијата“. Прочитај Псалм 145:3, 4; потоа прашај: „Има ли некој кој може да ги задоволи човечките потреби?“ Прочитај ги 5. и 6. стих. Покажи ја сликата на страница 251 од книгата Создавање и обрни внимание на користите од Божјето владеење. Понуди ја книгата и спомни ја нашата подготовка за донации.
5 Ако на почетокот било дискутирано за Божјето владетелство, на повторната посета би можел да се обидеш со следниов предлог:
◼ „Кога бев тука пред неколку дена, дискутиравме за неуспехот на човекот да донесе вистински мир на Земјата. Можеби се сеќавате дека ја утврдивме причината што ја дава Библијата за таквиот неуспех. [Повторно прочитај Псалм 145:3.] Дали забележавте зошто Бог нѐ советува да не ги приковуваме нашите надежи на луѓето? [Дозволи одговор.] Можеби се сложувате дека која било надеж за трајно решение мора да дојде од Бог. Причината поради која можеме да ја имаме оваа доверба е објаснета во Псалм 145:10. [Прочитај.] Што мораме да правиме ако сакаме да бидеме поданици на Божјето Царство?“ Сврти на 250. страница од книгата Создавање, прочитај го 13. пасус и истакни го Јован 17:3. Понуди да покажеш како, преку проучување на Библијата, милиони го стекнале спознанието кое води до вечен живот. Ако е дозволено, воведи ја книгата Спознание и започни студија.
6 Кога работиш од продавница до продавница, можеш да го употребиш овој краток пристап со книгата „Создавање“:
◼ „Денес извршуваме една посебна служба кај деловните граѓани. Сите ние сме загрижени поради порастот на криминалот и насилството во нашево подрачје. Мислите ли дека некој има вистинско решение за проблемот? [Дозволи одговор.] Бог има решение“. Сврти на страница 196 од книгата Создавање; прочитај и прокоментирај Изреки 2:21, 22 во 19. пасус. Покажи го насловот на 16. поглавје и понуди ја книгата. Објасни дека иако публикацијата нема цена, ние прифаќаме скромни донации за нашето светско дело.
7 Кога правиш повторна посета кај деловно лице кај кое си ја оставил книгата „Создавање“, би можел да го речеш ова:
◼ „При мојата последна посета, спомнав дека Бог е единствениот кој навистина го има трајното решение за криминалот и насилството. Според неговото ветување, можеме да имаме доверба дека ќе биде реализирана една мирољубива Земја. Забележете го изборот кој е ставен пред секого од нас“. Прочитај го 11. пасус на страница 250 од книгата Создавање, вклучувајќи го Псалм 36:37, 38. Коментирај ја сликата на страница 251 и прочитај ја првата реченица од 14. пасус. Понуди бесплатна библиска студија, да биде водена или на нивното место каде што работат или во нивниот дом.
8 Како „соработници на Бога“ ја имаме секоја причина да бидеме позитивни кога ја презентираме добрата вест (1. Кор. 3:9). Ако го оддржиме овој став, резултатот ќе биде богат Јеховин благослов.