ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lmd лекција 4
  • Понизност

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Понизност
  • Сакај ги луѓето — поучувај ги за Бог
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што направил Павле?
  • Што учиме од Павле?
  • Следи го примерот на Павле
  • Зошто да се облечеме во понизност?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Јехова многу ги сака своите понизни слуги
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Примери на понизност кои треба да ги имитираме
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Биди вистински понизен
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Сакај ги луѓето — поучувај ги за Бог
lmd лекција 4

ЗАПОЧНУВАЊЕ РАЗГОВОРИ

Апостол Павле е врзан со синџири за еден стражар и со почит зборува со цар Агрипа, управителот Фест и Верника.

Дела 26:2, 3

ЛЕКЦИЈА 4

Понизност

Начело: „Од понизност сметајте ги другите за поголеми од себе“ (Фил. 2:3)

Што направил Павле?

Апостол Павле е врзан со синџири за еден стражар и со почит зборува со цар Агрипа, управителот Фест и Верника.

ВИДЕОКЛИП: Павле му сведочи на цар Агрипа

1. Гледај го ВИДЕОКЛИПОТ или прочитај Дела 26:2, 3. Потоа размисли за следниве прашања:

  1. а) Како Павле покажал понизност со начинот на кој зборувал со цар Агрипа?

  2. б) Како Павле го свртел вниманието кон Јехова и кон Божјата Реч наместо кон себеси? (Види Дела 26:22.)

Што учиме од Павле?

2. Луѓето ќе бидат поспремни да ја слушнат нашата порака ако зборуваме со понизност и со почит.

Следи го примерот на Павле

3. Немој да ги гледаш другите од високо. Немој да оставаш впечаток дека ти знаеш сѐ, а дека другото лице не знае ништо. Зборувај со него со почит.

4. Јасно стави до знаење дека она за што поучуваш е од Библијата. Она што е запишано во Божјата Реч може да влијае врз срцето на луѓето. Кога ја користиме, им помагаме да си ја градат својата вера на цврст темел.

5. Биди благ. Немој да се обидуваш по секоја цена да докажеш дека ти си во право. Не сакаме да се расправаме. Покажи понизност така што ќе останеш смирен и ќе си заминеш доколку е потребно (Изр. 17:14; Тит 3:2). Ако си благ, лицето можеби ќе биде спремно да ја слушне пораката во некоја друга прилика.

ПРОЧИТАЈ И:

Рим. 12:16-18; 1. Кор. 8:1; 2. Кор. 3:5

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели