ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 1/12 стр. 3-4
  • Многумина исповедуваат вера

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Многумина исповедуваат вера
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Исусовото име денес
  • Името кое води до вистинската вера
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Какво значење има Јеховиното име за Исус
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Зошто мораме да го знаеме Божјето име
    Божественото име кое ќе остане засекогаш
  • Какво значење треба да има Јеховиното име за нас
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 1/12 стр. 3-4

Многумина исповедуваат вера

„ИСУС е прекрасен! Тој е баш чудесен!“ — извикнала една религиозна жена од Бразил. Навистина, не може да се порекне моќта на Исусовото име. Низ историјата луѓето спремно страдале и умирале заради него.

Апостолите Петар и Јован проповедале во Ерусалим ‚во Исусовото име‘. Заради тоа биле уапсени и камшикувани. Сепак, тие ‚излегле од Синедрионот радосни, зашто биле удостоени да поднесат навреди за името на Господа Исуса‘ (Дела 5:28, 41).

Антипа бил еден друг христијанин од првиот век кој длабоко го почитувал Исусовото име. Во Откровение, последната книга од Библијата, Исус укажал на него како на ‚Мојот верен сведок Антипа кој беше убиен меѓу вас, во чија што средина живее сатаната‘ (Откровение 2:13). Заедно со другите христијани во Пергам, Антипа одбил да се одрече од својата вера во Христос. Антипа цврсто се држел за Исусовото име дури и по цена на својот живот!

Отприлика после половина век, во 155 н. е., еден човек по име Поликарп, по вероисповед христијанин, се соочил со сличен испит кога му било наредено да зборува лошо за Христос. Неговиот одговор бил: „Му служев осумдесет и шест години, и Тој не ми згреши ништо. Како можам да хулам на мојот Цар кој ме спаси?“ Поради тоа што одбил да се одрече од Христос, Поликарп бил изгорен на столб.

Апостолите, Антипа и други биле спремни да го запечатат своето сведоштво за Христос со смрт! А како е со луѓето денес?

Исусовото име денес

Исусовото име и понатаму покренува силни емоции. Во Латинска Америка, стапката на пораст на црквите кои исповедуваат вера во Исус е на највисоко ниво во последниве децении. Дури и најмалите села имаат пентакостална црква. Истовремено расте и политичкото влијание на таквите цркви. На пример, во Конгресот и Сенатот на Бразил, 31 пратеничко место држат членови на тие цркви.

Исто така, Исус е во средиштето на едно ново религиозно движење во Соединетите Држави. Неговите следбеници се нарекуваат Оние кои ги одржуваат ветувањата. Во 1997 списанието Time известило дека присутноста на нивните состаноци пораснала од 4.200 во 1991 на 1,1 милион во 1996. Една од нивните химни вели: „Ох, победо во Исус, мојот Спасител засекогаш“.

Меѓутоа, сите чувства инспирирани од Исусовото име не се благородни. Слоганот на војната честопати се развивал во звукот на неговото име. Евреи биле масакрирани, безбожници колени, одметници мачени, сакатени и запалувани на столб — сѐ во името на Исус. А во поново време, комерцијализирањето на евангелизмот станало општопознато. Сево ова е една изопачена и одвратна злоупотреба на Исусовото име и на она што тоа навистина претставува!

Освен тоа, ова покренува некои умесни прашања: Што изискува положувањето вера во Исусовото име? И какво е гледиштето на Јеховините сведоци за таа тема? Следната статија ќе одговори на тие прашања.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели