Состаноци за служба за март
Седмица што почнува од 4 март
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството.
15 мин: „Благословувај го Јехова ‚по цел ден‘“. Прашања и одговори. Прочитај ги 2-5. пасус, доколку дозволува времето. Дај изградувачко охрабрување за помошната и општата пионерска служба.
20 мин: „Спознанието за вистинскиот Бог води до живот“. Разгледај ги предложените презентации. Нека се изнесат еден или два приказа. Предложи некои примери за тоа како можеме на тактичен начин да го запознаеме станарот со можноста да приложи за делото ширум светот.
Песна 191 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 11 март
10 мин: Локални известувања. Благајнички извештај.
20 мин: „Извлечи корист од Теократската школа за проповедање за 1996 — 3. дел“. Говор на надгледникот на школата. Охрабри ги сите кои можат да се пријават и верно да ги исполнат своите задачи. Објасни ги добро правилата за изговор на библиските имиња, како што се изнесени во книгата „Сето Писмо“, на страници 325 и 326, пасуси 27 и 28. Исто така, објасни дека комбинацијата „ch“ во имињата се изговара тврдо, како „k“. (Со исклучок кај Rachel, каде што „ch“ е меко.)
15 мин: Соработувајте во семејството. Таткото разговара неформално со своето семејство во врска со потребата за заедништво, темелено на Стражарска кула од 1 септември 1993, страници 16-19. Сосредоточи се на семејната студија и на делото на евангелизирање. Нагласи како современите семејства се распаѓаат поради тоа што поминуваат малку време заедно и немаат практички ништо заедничко. Проучувањето на Божјата Реч и заедничкото учествување во службата е благослов за христијанското семејство. Нагласи ја потребата таткото добро да ги организира овие работи, а мајката да соработува. Децата треба да се заинтересираат за духовните активности работејќи присно со родителите. Семејството ќе биде обединето и зајакнато да се справи со зголемените притисоци кои влечат кон световното.
Песна 211 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 18 март
10 мин: Локални известувања. Оние кои водат студии треба да ги охрабрат новите, кои добро напредуваат во своето проучување на Библијата, да се стремат кон тоа да станат некрстени објавители. Родителите можат исто така да им помогнат на своите деца да станат објавители. Разгледај ја предложената процедура прикажана во Организирани да ја извршуваме нашата служба, на страници 97-100.
15 мин: „Кој е виновен?“ Говор на старешина, кој се темели на Стражарска кула од 1 февруари 1995, страници 26-29.
20 мин: „Помогни им на другите да стекнат спознание кое води до вечен живот“. Разгледај ги предложените презентации за употреба при повторни посети. Вклучи еден или два приказа. Нагласи ја целта за започнување на студии.
Песна 130 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 25 март
15 мин: Локални известувања. Разгледај го делот „Потсетници за Споменот“. Објасни зошто е важно да се присуствува. (Види Стражарска кула од 1 март 1985, страници 15-17.) Разгледај некои планови да им се помогне на постарите, немоќните и на новите да присуствуваат. Дискутирај за подготовки за зголемена активност во службата на подрачје во текот на седмицава што доаѓа. Разгледај ја исто така статијата: „Таму каде што им се покажува гостољубивост на странците“ од 22 септември 1995 (англ.), на страница 32.
15 мин: Рубрика прашања. Говор на еден старешина. Разговарај за причините кои нѐ поттикнуваат да бидеме дарежливи, како што е истакнато во Стражарска кула од 15 јануари 1992, страници 16,17.
15 мин: „Подготвувањето — клуч за успех“. Прашања и одговори. Спомни дека во текот на април и мај ќе ги нудиме Стражарска кула и Разбудете се! Сега направи подготовки така што ќе нарачаш дополнителни примероци, набавувајќи формулари за претплата и правејќи планови за поддржување на собраниските подготовки за Денот на активност со списанија.
Песна 139 и заклучна молитва.