Родители, радувајте се на своите деца
„Татко ти и мајка ти ќе се радуваат“ (ИЗРЕКИ 23:25, НС).
1. Што ќе предизвика родителите да им се радуваат на своите деца?
КОЛКУ само е убаво да се види како една фиданка расте и станува величествено дрво кое дава убавина и сенка — особено ако си го засадил ти и си се грижел за него! На сличен начин, родителите кои се грижат за децата кои пораснуваат во зрели слуги на Бог, многу им се радуваат, како што вели библиската изрека: „Таткото на еден праведник сигурно ќе биде радосен; оној кој му станува татко на еден мудар, исто така ќе се радува поради него. Татко ти и мајка ти ќе се радуваат, и онаа која те родила ќе биде радосна“ (Изреки 23:24, 25, НС).
2, 3. а) Како можат родителите да избегнат тага и огорчување? б) Што им е потребно и на фиданките и на децата за да станат извор на радост?
2 Па сепак, едно дете не станува автоматски ‚праведно‘ и ‚мудро‘. Потребен е голем напор за да се спречат младите да не станат извор на „тага“ (НС) и „огорчување“ (Изреки 17:21, 25). На пример, потпорните колци можат да одгледаат една фиданка да расте права и јака. Редовната залиха од вода е животоважна, а фиданката можеби треба да биде заштитена од штетници. Најпосле, поткаструвањето помага да се произведе едно дрво на убавина.
3 Божјата Реч открива дека на децата им се потребни такви работи како што е божествена обука, натопување со водата на библиската вистина, заштита од морални злоупотреби и стега полна со љубов за да се поткастрат непожелните обележја. За да ги задоволат овие потреби, татковците особено се поттикнати да ги подигаат своите деца „во стега и Јеховино мисловно насочување“ (Ефесјаните 6:4, НС). Што вклучува ова?
Нагласок врз Јеховините зборови
4. Каква одговорност имаат родителите спрема своите деца, и што се бара пред да можат да ја исполнат?
4 ,Јеховиното мисловно насочување‘ значи насочување на нашето размислување за да се прилагоди на Јеховината волја. Значи, родителите мораат во умовите на своите малечки да го всадуваат Јеховиното размислување за работите. Исто така, мораат да го имитираат Божјиот пример на обезбедување сочувствителна стега, или поправно обучување (Псалм 102:10, 11; Изреки 3:11, 12). Но, пред да можат родителите да го сторат тоа, тие самите мораат да ги впијат Јеховините зборови, како што Божјиот пророк Мојсеј ги опоменал древните Израелци: „Овие зборови [од Јехова], што ти ги заповедам денес, да бидат во срцето твое“ (5. Мојсеева 6:6).
5. Кога и на кој начин требало израелските родители да ги поучуваат своите деца, и што значи да се „всади“?
5 Редовното проучување на Библијата, медитирањето и молитвата ги опремуваат родителите да го прават она што Мојсеј понатаму го заповедал: „Пренесувај им ги [Ти мораш да им ги всадиш, НС] [Јеховините зборови] на децата свои и говори за нив, кога седиш дома и кога си на пат, кога си легнуваш и кога стануваш“. Хебрејскиот збор преведен со „всади“ значи „да повтори“, „да кажува секогаш одново“, „да вреже остро“. Забележи како Мојсеј понатаму ја нагласил потребата од држење на Јеховините зборови во преден план: „Врзи ги на раката своја како знак, и да ти биде тој непоколеблив пред очите твои, и напишете ги на надвратникот на куќите ваши и на вратите ваши“. Очигледно, Јехова бара родителите да им посветуваат на своите деца редовно внимание полно со љубов! (5. Мојсеева 6:7—9).
6. Што требало родителите да всадат во своите деца, и со каква корист?
6 Што претставуваат „овие зборови“ од Јехова што родителите требало да ги всадат во своите деца? Мојсеј штотуку го повторил она што обично се нарекува Десет заповеди, вклучувајќи ги заповедите да не се убива, да не се врши прељуба, да не се краде, да не се сведочи лажно и да не се копнее страстно. Таквите морални барања, како и заповедта да се сака ‚Господ, својот Бог, од сѐ срце, со сета душа своја и со сите сили свои‘, биле она што израелските родители особено требало да го всадат во своите малечки (5. Мојсеева 5:6—21; 6:1—5). Зарем не би се сложил дека ова е оној вид поука што им е потребен на децата денес?
7. а) Со што биле споредени децата во Библијата? б) Што ќе испитаме сега?
7 На израелскиот татко му било речено: „Жената твоја во домот твој ќе биде како лоза плодовита, синовите твои — како новонасадени маслини околу трпезата твоја“ (Псалм 127:3). Сепак, за родителите да им се радуваат на своите „фиданки“, а не да доживеат жалост, тие мораат да покажуваат личен, секојдневен интерес за своите деца (Изреки 10:1; 13:25; 29:15, 17). Да испитаме како родителите можат да ги воспитуваат, духовно да ги наводнуваат, да ги штитат и со љубов да ги стегаат своите деца на еден таков начин за вистински да им се радуваат.
Воспитување од најраното детство
8. а) Кои служеле како потпорни колци за Тимотеј? б) Кога започнала обуката и со каков резултат?
8 Размисли за Тимотеј, кој добил поддршка од, така да се рече, два цврсто всадени потпорни колца — од својата мајка и од својата баба. Поради тоа што таткото на Тимотеј бил Грк и очигледно неверник, неговата еврејска мајка, Евника, и нејзината мајка, Лоида, биле тие кои го воспитувале момчето ‚уште како мал да ги знае Светите Писанија‘ (2. Тимотеј 1:5; 3:15; Дела 16:1). Нивната марливост во поучувањето на Тимотеј — дури уште кога бил бебе — за ‚чудесата Негови што Он [Јехова] ги извршил‘, била богато наградена (Псалм 77:1, 3, 4). Тимотеј станал мисионер во далечни земји, можеби додека уште бил тинејџер, и имал истакната улога во зајакнувањето на раните христијански собранија (Дела 16:2—5; 1. Коринтјаните 4:17; Филипјаните 2:19—23).
9. Како можат младите да научат да ги избегнуваат замките на материјализмот?
9 Родители, какви потпорни колци сте вие? На пример, дали сакате вашите деца да развијат урамнотежено гледиште за материјалните работи? Тогаш, морате да дадете исправен пример со тоа што нема да тежнеете по сите најнови апарати или други ствари кои не ви се навистина потребни. Ако избирате да тежнеете по материјални предности, немојте да бидете изненадени кога вашите деца ве копираат (Матеј 6:24; 1. Тимотеј 6:9, 10). Навистина, ако потпорните колци не се прави, како може фиданката да расте право?
10. Чие водство родителите треба секогаш да го бараат, и каков став треба да имаат?
10 Родителите кои им се радуваат на своите деца, постојано ќе бараат божествена помош за да ги воспитуваат, секогаш земајќи ги во обѕир најдобрите духовни интереси за децата. Една мајка на четири деца раскажала: „Уште пред да се родат нашите деца, редовно го молевме Јехова да ни помогне да бидеме добри родители, да бидеме водени од неговата Реч и да ја применуваме во својот живот“. Таа додала: „,На прво место Јехова‘ не беше само вообичаена фраза, туку начин на кој живеевме“ (Судии 13:8).
Редовно обезбедување „вода“
11. Што им е потребно и на фиданките и на децата за раст?
11 На фиданките особено им е потребна постојана залиха од вода, како што се гледа од тоа колку добро растат дрвјата покрај една река. (Спореди Откровение 22:1, 2.) И бебињата ќе цутат духовно ако редовно се обезбедувани со водата на библиската вистина. Но, родителите треба да земат во обѕир колку долго може нивното дете да биде внимателно. Можеби честите скратени часови на поука ќе бидат поделотворни отколку неколку долги. Не потценувајте ја вредноста на таквите пократки часови. Заедничкото поминување на времето е животоважно за да се создаде поврзаност меѓу родителот и детето, блискост на која секогаш одново се поттикнува во Писмото (5. Мојсеева 6:6—9; 11:18—21; Изреки 22:6).
12. Каква е вредноста од молењето со малечките?
12 Еден од часовите со малечките може да биде на крајот од денот. Една младинка се сеќава: „Секоја ноќ, моите родители ќе седнеа на крајот од нашиот кревет и ќе нѐ слушаа како ги кажуваме нашите сопствени молитви“. За вредноста на ова, една друга рекла: „Тоа ме навикна да му се молам на Јехова секоја ноќ пред да одам на спиење“. Кога децата секојдневно ги слушаат своите родители како зборуваат за Јехова и му се молат, тој за нив станува вистинска личност. Еден младич рекол: „Јас можев да ги затворам очите во молитва до Јехова и да видам една вистинска дедовска личност. Моите родители ми помогнаа да видам дека Јехова игра улога во сѐ што правиме и велиме“.
13. Што може да биде вклучено во редовните периоди на поука?
13 За да им се помогне на малечките да ја впијат водата на библиската вистина, родителите можат да вклучат бројни практични работи во редовните периоди на поука. Родителите на две деца кои уште не се тинејџери, рекле: „Уште од своите први седмици на животот, обете деца почнаа да добиваат обука да седат мирно во Салата на Царството“. Еден татко опишал што правело неговото семејство: „Ги попишувавме сите книги од Библијата на картички и сите наизменично вежбавме да ги ставаме во редослед. Децата секогаш го очекуваа тоа со нетрпение“. Многу семејства вклучуваат краток период на поука или пред или после некој оброк. Еден татко рекол: „Вечерните оброци беа згодно време да дискутираме за дневниот библиски стих“.
14. а) Кои духовно наградувачки активности би можеле да се споделат со малечките? б) Каков потенцијал за учење имаат децата?
14 Малечките исто така уживаат да ги слушаат живите библиски извештаи од Моја книга со библиски приказни.a „Кога децата беа мали“ — забележала една брачна двојка — „ќе се обработеше една лекција од книгата Библиски приказни, а потоа децата ќе облечеа костими и ќе ги изведуваа улогите во вид на минидрама. Го сакаа тоа и честопати инсистираа да обработат повеќе од една приказна на едно проучување.“ Не потценувајте го потенцијалот на вашето дете да учи! Четиригодишници научиле напамет цели поглавја од Библиските приказни и дури научиле да ја читаат Библијата! Една младинка се сеќава дека, кога имала околу три и пол години, секогаш одново изговарала погрешно „судски одлуки“, но татко ѝ ја храбрел да продолжи да вежба.
15. Кои работи може да бидат вклучени во дискусиите со децата, и каков доказ постои дека таквите дискусии се вредни?
15 Часовите со вашите малечки исто така можат да се употребат за да ги подготвите да ја споделуваат водата на вистината со другите, како што е коментирањето на состаноците (Евреите 10:24, 25). „За време на нашите часови вежбање, јас морав да коментирам со свои зборови“ — се сеќава една младинка. „Не ми беше дозволувано само да прочитам без разбирање.“ Освен тоа, децата можат да бидат обучувани да имаат смисловно учество во службата на подрачјето. Една жена, одгледана од богобојазливи родители, објаснува: „Никогаш не бевме само здодевни придружници кои само ги придружувавме нашите родители во нивното дело. Знаевме дека имавме удел, иако тоа беше само да заѕвониме на вратата и да оставиме некој леток. Со внимателна подготовка пред активностите на секој викенд, знаевме што ќе речеме. Никогаш не се будевме во сабота наутро прашувајќи дали ќе одиме во служба. Знаевме дека ќе одиме“.
16. Зошто е важна редовноста во одржувањето на семејната студија со децата?
16 Не може доволно да се нагласи колку е потребно редовно да се обезбедуваат малечките со водата на библиската вистина што значи дека една седмична семејна библиска студија е многу битна. Еден татко на две деца тврди дека „еден главен фактор во раздразнувањето на децата е недоследноста“ (Ефесјаните 6:4). Тој рекол: „Мојата сопруга и јас одбравме ден и време и верно ја водевме семејната студија по тој распоред. Не потраја долго кога децата веќе ја очекуваа во тоа време“. Сето вакво обучување од најраното детство е важно, во склад со очигледната вистина: ‚Како ја виткаш гранката, така расте дрвото‘.
17. Што е исто толку важно како и обезбедувањето на малечките со библиски вистини?
17 Обезбедувањето на малечките со библиски вистини е важно, но и родителскиот пример е подеднакво важен. Дали вашите деца ве гледаат како проучувате, како редовно присуствувате на состаноците, како учествувате во службата на подрачјето, да, како наоѓате радост во вршењето на Јеховината волја? (Псалм 39:8). Многу е битно да го видат тоа. Значајно е она што го рекла една ќерка за својата мајка, која го поднесувала противењето на својот сопруг и одгледала шест деца кои станале верни Сведоци: „Она што најмногу нѐ импресионираше беше личниот пример на мама — тој говореше погласно од зборовите“.
Да им се обезбеди заштита на малечките
18. а) Како можат родителите да им ја обезбедат на децата заштитата што им е потребна? б) Каков вид поука добивале малечките во Израел во врска со репродуктивните делови од телото?
18 Како што на фиданките честопати им е потребна заштита од опасни штетници, така во овој зол систем на ствари и на малечките им е потребна заштита од „лошите луѓе“ (2. Тимотеј 3:1—5, 13). Како можат родителите да ја дадат оваа заштита? Со тоа што ќе им помогнат да стекнат божествена мудрост! (Проповедник 7:12, НС). Јехова им заповедал на Израелците — вклучувајќи ги и нивните ‚деца‘ — да го слушаат читањето на неговиот Закон, во кое спаѓало и идентификувањето на исправното и неисправното сексуално однесување (5. Мојсеева 31:12; 3. Мојсеева 18:6—24). Делови од телото за репродукција се споменуваат секогаш одново, вклучувајќи ги и „тестисите“ и „гениталниот орган“ (3. Мојсеева 15:1—3, 16, НС; 21:20, НС; 22:24, НС; 4. Мојсеева 25:8, НС; 5. Мојсеева 23:10). Поради крајната расипаност на денешниов свет, малечките треба да ја знаат исправната и неисправната употреба на таквите делови од телото кои се вклучени во создавањето што Бог го нарекол „многу добро“ (1. Мојсеева 1:31; 1. Коринтјаните 12:21—24).
19. Која е соодветната поука што треба да им се обезбеди на малечките во врска со нивните интимни делови од телото?
19 Во идеален поглед, обата родитела заедно или, пак, секој возрасен старател, треба да му ги идентификува на детето неговите интимни делови од телото. Тие треба тогаш да објаснат дека на ниедно друго лице не смее да му дозволи да ги допира овие делови. Со оглед на тоа дека напасниците на деца честопати испитуваат како реагираат децата на подмолните сексуални приоѓања, детето треба да биде поучено да се спротивстави цврсто и да рече: „Ќе те кажам!“ Поучете ги своите малечки дека секогаш треба да го кажат секого кој се обидува да ги допира на начин што ги прави да се чувствуваат неугодно, без оглед на тоа какви застрашувачки биле заканувањата.
Да се обезбеди стега полна со љубов
20. а) На кој начин стегата е како поткастрување? б) Кој е почетниот ефект од стегата, но каков е резултатот?
20 Малечките извлекуваат корист од стегата полна со љубов, како што извлекува едно дрво од поткаструвањето (Изреки 1:8, 9; 4:13; 13:1). Кога непожелните гранчиња се поткастрени, се стимулира растот на останатите. Според тоа, ако твоите деца особено се сосредоточуваат на материјалните поседи или, пак, се склони кон лошо друштво или нездрава забава, овие лоши склоности се како гранчиња што треба да се отсечат. Ако се отстранат, на вашите деца ќе им биде помогнато да растат во духовен правец. Во почетокот, таквата стега можеби не изгледа пријатна, исто како што и поткаструвањето може да предизвика извесен шок за дрвото. Но, добриот резултат од стегата е обновениот раст во оној правец во кој вие сакате да расте вашето дете (Евреите 12:5—11).
21, 22. а) Што покажува дека не е пријатно ниту да се даде ниту, пак, да се прими стега? б) Зошто треба родителите да не се воздржуваат од давањето стега?
21 Веднаш се признава дека не е пријатно ниту да се даде ниту, пак, да се прими стега. „Син ми поминуваше доста време со еден младинец за кој старешините ме предупредија дека не е добро друштво“ — забележал еден татко. „Требаше да дејствувам побрзо отколку што дејствував. Иако син ми не се впушти во некакво бесрамно престапување, беше потребно доста време за да се исправи неговото размислување.“ Синот забележал: „Кога ми беше отсечен мојот најдобар пријател, бев срушен“. Но, додал: „Тоа беше добра одлука, затоа што набргу потоа тој беше исклучен“.
22 „Опомената [Карањата на стегата се, НС] — пат кон животот“, вели Божјата Реч. Затоа, без оглед на тоа колку може да е тешко да се даде стега, не им ја ускратувај на своите деца (Изреки 6:23; 23:13, НС; 29:17). Со текот на времето, тие ќе бидат благодарни што си ги исправал. „Се сеќавам дека бев толку лут на моите родители кога добивав стега“ — се сеќава еден младинец. „Сега би бил уште полут ако моите родители ми ја ускратеа таа стега.“
Награда достојна за напорот
23. Зошто сето внимание полно со љубов што е инвестирано во младите е достојно за напор?
23 Не може да има дилема околу тоа — децата на кои родителите, како и другите, им се радуваат, се производ на изобилно секојдневно внимание полно со љубов. Меѓутоа, сиот напор што е инвестиран во нив — без разлика дали се телесни или духовни деца — е сосема достоен за наградата што може да се ужива. Остарениот апостол Јован го покажал тоа кога напишал: „За мене нема поголема радост од тоа — да чујам дека моите чеда живеат [и понатаму одат, НС] во вистина“ (3. Јованово 4).
[Фуснота]
a Издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.
Дали се сеќаваш?
◻ Што им е потребно и на фиданките и на децата за да станат достојни за пофалба?
◻ Како, всушност, можат родителите да служат како делотворни потпорни колци?
◻ Што може да биде вклучено во часовите за поука со малечките, и на што треба да бидат поучени да се спротивставуваат?
◻ На кој начин стегата е корисна за детето, исто како што поткаструвањето е корисно за дрвото?
[Извор на слика на страница 10]
Со љубезна дозвола од Green Chimney’s Farm