Води библиски студии со книгата Живеј засекогаш
1 Осврнувајќи се на книгата Живеј засекогаш, една жена изјави: „Открив дека после самата Библија, оваа книга е најточната, највдахновителна и најмотивирачка литература која некогаш сум ја прочитала!“ Сите ние се согласуваме дека оваа книга е една од најдобрите кои некогаш биле објавени со намера да им се помогне на луѓето да ја разберат Библијата, а особено да ги мотивира да станат активни славители на Јехова.
2 Во 1982, кога беше објавена книгата Живеј засекогаш, 5.444 објавитела во републиките на поранешна Југославија водеа 1.386 библиски студии. Моментално 7.409 објавители водат 5.781 библиска студија. До денес се отпечатени 62 милиони примероци од книгата Живеј засекогаш на 115 јазици. Какво само влијание има оваа книга на нашето дело ширум светот!
3 Постави си цели: Овој истакнат пораст е резултат на Јеховиниот благослов и на горливата желба на неговиот народ да им помогне на искрените со библиската животоспасувачка порака (Рим. 10:13-15; 1. Тим. 2:4). Ние ја признаваме итноста на времињата и потребата за марливо проповедање на Божјето Царство.
4 Додека организацијата оди напред, што треба да правиме ние лично? Дали сме решени да имаме целосен удел во животоважното дело на правење ученици? За да го исполниме ова, треба да си поставиме лични цели. Можеме ли да бидеме помарливи во следењето на интересот? Зошто да не си поставиме за цел да започнеме нова библиска студија во текот на февруари?
5 Кој може да води библиска студија?: Многу објавители со различно образование ја доживеале радоста да водат библиска студија со книгата Живеј засекогаш. Едноставноста на нејзиниот стил го олеснува водењето и им овозможува дури и на поновите објавители да имаат удел во ова важно дело. Освен тоа, многумина од нас ја проучувале и самите и затоа сме добро запознаени со нејзината содржина. Еден објавител кој водел библиски студии пред да ја користи книгата Живеј засекогаш, во знак на ценење напиша: „Имам три студии, а четвртата треба да започне. Не можам доволно да ви заблагодарам за тоа што го олеснивте водењето на библиски студии“.
6 И младите имаат активен удел во делото на библиски студии така што ја користат книгата Живеј засекогаш. Еден млад брат ја остава книгата на својата клупа во училиштето. Тоа му отворило пат за добри дискусии и повеќе библиски студии. Некои деца користеле директен пристап така што побарале од родителите кои ги среќавале во службата од врата до врата да им дозволат да водат библиски студии со нивните деца. Нашите деца никогаш не се премлади за да зборуваат за Јеховиното ветување за вечен живот на рајска Земја.
7 Било да си млад или стар, една од најголемите радости која некој може да ја има во службата е да води домашна библиска студија. Затоа нека секој од нас моли за Јеховина помош и нека ја искористи секоја прилика јавно да ја изјави нашата надеж. Користи ја книгата Живеј засекогаш за да им помогнеш на другите да научат како можат да имаат удел во славењето на нашиот Бог, Јехова (Пс. 148:12, 13).