Проучување на книгите Живеј засекогаш и Обединети во обожавањето
1 Трактати, брошури, списанија и книги — сите тие може да се употребат за да се започнат домашни библиски студии со заинтересираните. Заради нејзината раширеност и привлечност, за започнување на библиски студии се користи книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел. Се разбира, секој треба да биде охрабрен да ја чита и проучува. Тоа го правиме така што редовно се подготвуваме и присуствуваме на Собраниска студија на книга.
2 Меѓутоа, постојат две посебни книги кои треба да се проучуваат со новите за да им се помогне да ги разберат основните доктрини на Библијата, како и христијанските мерила за живот. Тоа се: Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата и Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог. Се препорачува колку што разумно е можно побрзо, оние кои водат домашни библиски студии со други публикации да преминат на една од овие книги. Ако студијата се водела со книгата Најголемиот човек, охрабри го ученикот да продолжи сам да ја чита. Библиската студија треба да трае сѐ додека не се заврши со книгите Живеј засекогаш и Обединети во обожавањето, па дури и ако лицето се крсти пред да се заврши со втората книга. Оваа постапка ќе му пружи на библискиот ученик поголем увид и духовна стабилност.