Најди задоволство во давањето темелно сведоштво
1 Сите ние уживаме да ги правиме работите кои добро ги вршиме. Марко 7:37 вели дека мноштвата во врска со Исус изјавиле: „Сѐ добро прави“. Не е ни чудо што Исус наоѓал задоволство во вршењето на Јеховината волја! (Спореди Псалм 39:8.) Со тоа што им обрнуваме внимание на следниве предлози, на сличен начин ќе најдеме радост додека ја слушаме Исусовата заповед „да им проповедаме на луѓето и да сведочиме [да даваме темелно сведоштво, NW]“ (Дела 10:42). Во јануари ја нудиме која и да било книга од 192 страници објавена пред 1985, која собранието можеби ја има на залиха или книгата Живеј засекогаш. Како можеме да ги користиме овие публикации за да дадеме темелно сведоштво?
2 Бидејќи честопати луѓето се загрижени за здравствените прашања, би можел да го кажеш ова:
◼ „И покрај значителните постигнувања кои се направени на полето на медицината, постои големо страдање поради болестите. Според Ваше мислење, зошто тоа е така? [Дозволи одговор.] Исус Христос рекол дека едно обележје на последните денови ќе биде поморот (Лука 21:11). Сепак, Библијата опишува и едно време кога повеќе нема да постои болест. [Прочитај Исаија 33:24.] Забележете како овој прирачник инспирира надеж во тоа основно библиско учење“. Издвој прикладни коментари во книгата која ја истакнуваш, и понуди ја. Објасни дека ќе прифатиме скромна донација за нашата служба ширум светот.
3 Кога сведочиш неформално близу трговски квартови, би можел да упатиш еден поздрав и потоа да прашаш:
◼ „Дали Ви се чини дека деновиве работите се толку поскапени што тешко се врзува крај со крај? [Дозволи одговор.] Дали мислите дека некогаш ќе дојде време кога ќе постои вистинска економска сигурност?“ Дозволи одговор. Потоа истакни соодветен библиски цитат од книгата која ја нудиш. Продолжи, така што ќе кажеш: „Оваа книга покажува како Бог со помош на своето Царство ќе ги реши проблемите кои денес толку го отежнуваат животот“. Понуди ја книгата и, доколку е прифатена, дај му на лицето прилика да го поддржи делото ширум светот со мала доброволна донација. Би можел да наведеш колку си уживал во разговорот и потоа прашај: „Постои ли некој начин да можеме да го продолжиме овој разговор другпат?“ На тој начин можеби ќе можеш да го добиеш телефонскиот број или домашната адреса на лицето.
4 Можеби ќе имаш прилика да се обидеш со оваа презентација за светскиот мир, користејќи ја книгата „Живеј засекогаш“:
◼ „Зошто, според Ваше мислење, толку е тешко да се постигне светски мир? [Дозволи одговор, а потоа покажи ја илустрацијата на страници 20, 21.] Ова е слика од еден библиски настан опишан во Откровението. [Прочитај Откровение 12:7—9, 12 директно од 17. пасус. Потоа прочитај го текстот кој оди со сликата.] Светскиот недостиг на мир е една од последиците од тоа што Ѓаволот е исфрлен на Земјата. Оваа книга одговара на многу важни прашања, и ќе ми биде драго да Ви ја ставам на располагање доколку ќе ја читате“. (За да најдеш други делотворни начини за презентирање на книгата Живеј засекогаш, види ја последната страница од изданијата на Наша служба за Царството од септември 1995, февруари 1995, септември 1994, септември 1993 и август 1992.)
5 Кога навраќаш кај оние кои покажуваат интерес, би можел да настојуваш да започнеш библиска студија со тоа што ќе го прилагодиш овој пристап:
◼ „Последниот пат кога зборувавме, Вие дадовте една многу интересна забелешка. [Спомни некој коментар што го дал поединецот.] Размислував за тоа и би сакал да ги споделам резултатите од истражувањето што го направив на таа тема. [Сподели прикладен стих.] Ние нудиме водење бесплатен курс за проучување кој им овозможил на милиони луѓе да ги испитаат основните учења на Библијата за еден краток временски период. Таквото испитување може да ја изгради Вашата доверба во сигурното исполнување на Божјите ветувања“. Истакни некои прашања кои ќе бидат одговорени. Доколку лицето ја одбива понудата на библиска студија, објасни дека ние имаме и еден специјален забрзан курс кој одзема само 15 минути седмично, 16 седмици. Покажи ја брошурата Бара, сврти на лекција 1 и прашај го дали може да му ја демонстрираш првата лекција.
6 Запомни да користиш летоци: Нив би можел делотворно да ги користиш при твојот увод за да стимулираш интерес за духовните работи, или можеш да ги оставиш ако не е прифатена литература. Онаму каде што има интерес, користи ја печатената порака на задниот дел од летокот за да го охрабриш лицето да прифати домашна библиска студија и да доаѓа на нашите состаноци.
7 Биди вешт во твоето дело и ќе бидеш радосен во него. Обрнувај постојано внимание на давањето темелно сведоштво и наоѓај задоволство во доброто извршување на сите фасети од службата (1. Тим. 4:16).