Во каква состојба се?
Ова прашање треба да си го поставиме во врска со секоја публикација што планираме да ја понудиме во службата. Сѐ што е истуткано, избледено, извалкано или искинато ќе остави лоша слика за нашата организација и може да му ја направи на станарот одбивна нашата литература во која е содржана прекрасната порака што значи живот.
Што да правиме за литературата да ни биде уредна? На мнозина им помага тоа што во чантата за служба на едно место ставаат слични публикации. На пример, имаат посебно место за книги, посебно за списанија и брошури, посебно за трактати итн. Секогаш внимателно ги враќаат Библијата и публикациите в чанта за да не ги оштетат. Некои објавители си ја чуваат литературата во папки или во пластични фолии. Без разлика како си ја организираме литературата, не би сакале да дадеме оправдана причина некој да приговори на нашата служба со тоа што би му дале публикација која е во лоша состојба (2. Кор. 6:3).