ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/12 стр. 8-9
  • Моќта на рекламирањето

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Моќта на рекламирањето
  • Разбудете се! 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Потрошувачка култура
  • Неговата моќ врз Вас
  • Препуштени на морето од реклами
    Разбудете се! 1998
  • Уметноста на убедувањето
    Разбудете се! 1998
  • Можеме ли да им веруваме на медиумите?
    Разбудете се! 2013
  • Извлечи корист така што ќе се стремиш кон духовни вредности
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Повеќе
Разбудете се! 1998
g98 8/12 стр. 8-9

Моќта на рекламирањето

МНОГУ одамна, некоја телевизиска пауза за реклами би била најавена со зборовите: „А сега, неколку зборови од нашиот спонзор“. Спонзорите се компании кои плаќаат за да се рекламираат нивните производи. Иако ‚неколкуте зборови од нашиот спонзор‘ станале поплава, спонзорите сѐ уште ги финансираат вестите и медиумите за разонода — телевизијата, списанијата, весниците и радиото. Според тоа, спонзорите се обидуваат да манипулираат со она што ќе се појави и она што нема да се појави во медиумите.

Да илустрираме: Во 1993 една компанија која произведува германски луксузни автомобили пишала до 30 списанија пропишувајќи рекламите за нивниот автомобил да се презентираат „само меѓу статии со соодветна содржина“. Писмото објаснило дека изданијата на списанијата кои ги содржат нивните реклами не треба да изнесуваат никаков материјал кој би ги критикувал нивните автомобили, германските производи или Германија. Се разбира, не изненадува тоа што оваа компанија, која троши 15 милиони долари на рекламирање преку списанија, би очекувала „статии со соодветна содржина“.

Исто така, не е за изненадување и тоа кога списанијата кои рекламираат нови венчаници не прифаќаат реклами за користени венчаници или кога весниците кои набројуваат посредници за недвижен имот не Ви кажуваат како да купите куќа без нивна помош. Слично на тоа, не треба да бидеме изненадени кога медиумите кои рекламираат цигари или лотарија не го критикуваат пушењето или коцкањето.

Потрошувачка култура

Значи, моќта на рекламирањето оди подалеку од продавањето стока. Тоа унапредува животен стил на потрошувачот, глобална култура која се сосредоточува на материјални работи.

Има ли нешто лошо во тоа? Зависи кого ќе прашате. Рекламерите резонираат дека луѓето сакаат да купуваат и да поседуваат работи; рекламирањето служи на нивните интереси. Освен тоа, велат тие, рекламирањето отвора работни места, го спонзорира спортот и уметноста, помага да се обезбедат достапни медиуми, поттикнува на соперништво, ги подобрува производите, одржува ниски цени и овозможува луѓето да донесуваат информирани одлуки за купување.

Други тврдат дека рекламирањето им го одзема спокојството на луѓето и ги прави незадоволни од она што го имаат, потхранувајќи и создавајќи бескрајни желби. Истражувачот Алан Дурнинг пишува: „Исто како и нашево време, рекламите брзо се менуваат, тие се хедонистички, преоптоварени со имиџ и се водат според модата; го величаат поединецот, ја идеализираат потрошувачката како пат до лично задоволство и го потврдуваат технолошкиот напредок како мотивирачка сила на судбината“.

Неговата моќ врз Вас

Дали економската пропаганда помага да го обликуваме она што сме и она што го сакаме? Најверојатно. Меѓутоа, дали тоа влијание ќе биде големо или мало зависи од други влијанија.

Ако сме водени од библиските начела и вредности, ќе признаеме дека нема ништо лошо во поседувањето материјални работи. Па, Бог ги благословил Авраам, Јов, Соломон и други со огромно богатство.

Од друга страна, пак, ако ги применуваме начелата од Писмото, ќе го избегнеме незадоволството на оние кои бараат исполнетост и среќа во бескрајната потрага по материјални работи. Библиската порака не е „Купувајте до бесвест.“ Наместо тоа, таа ни вели:

Имајте доверба во Бог. „Заповедај им на богатите од овој свет да не се гордеат, ниту да се надеваат на непостојаното богатство, туку на живиот Бог, Кој ни дава за наслада сѐ во изобилие“ (1. Тимотеј 6:17).

Бидете задоволни. „Бидејќи ништо не сме донеле на светов, јасно е дека не можеме и ништо да однесеме. Но кога имаме храна и облекло, со тоа да бидеме задоволни“ (1. Тимотеј 6:7, 8).

Бидете скромни. „Исто така и жените, облечени пристојно, со срамежливост и чесност да се украсуваат, не со плетенки, ни со злато, или со бисери, или со скапоцени облеки, туку со добри дела, како што им прилега на жени, што ѝ се посветуваат на побожноста“ (1. Тимотеј 2:9, 10).

Знајте дека божествената мудрост е посупериорна од богатството. „Блажен е човекот, кој се здобил со мудрост, и човек, што спечалил разум; подобро е да ја добиеме неа, отколку ризници со сребро и злато; таа е поскапа и од скапоцени камења; ни едно зло не може да ѝ се спротивстави; таа им е добро позната на сите, што се приближуваат кон неа, ништо, па и сѐ што ти е мило, не може да се спореди со неа. Во десницата нејзина е долгоденствието, а во левицата ѝ е — богатството и честа; од устата ѝ излегува правда; закон и милост носи на јазикот свој; патиштата нејзини се пријатни патишта, и сите патеки нејзини се — спокојни. Таа е дрво на животот за оние, што ја придобиваат, и блажени се, кои ја запазуваат“ (Изреки 3:13—18).

Практикувајте давање. „Поблажено е да се дава, отколку да се зема“ (Дела 20:35).

Некој би можел да аргументира дека самата оваа серија статии е еден вид рекламирање кое ја „продава“ идејата дека духовните вредности не треба да се тргаат настрана поради материјалните вредности. Без сомнение, ќе се согласите со тој заклучок.

[Рамка на страница 9]

Објавување на Божјето Царство

Кој е еден од најдобрите начини да се достигнат луѓето со една убедлива порака? Книгата Advertising: Principles and Practice вели: „Во еден идеален свет секој производител би можел да зборува лице в лице со секој потрошувач за производот или за услугата што се нуди за продажба“. Вистинските христијани доброволно го објавуваат Божјето Царство на овој начин речиси 2.000 години (Матеј 24:14; Дела 20:20). Зошто повеќе бизниси не го користат овој метод за да ги достигнат луѓето? Книгата објаснува: „Тоа е многу скапо. Посетите што ги прават продавачите можат да чинат повеќе од 150 долари од посета“. Се разбира, христијаните го објавуваат Божјето Царство на доброволна основа. Тоа е дел од нивното обожавање.

[Слика на страница 8]

Библиската порака не гласи „Купувајте до бесвест“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели