ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/96 стр. 2
  • Состаноци за служба за септември

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци за служба за септември
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 2 септември
  • Седмица што почнува од 9 септември
  • Седмица што почнува од 16 септември
  • Седмица што почнува од 23 септември
  • Седмица што почнува од 30 септември
Нашата служба за Царството 1996
km 9/96 стр. 2

Состаноци за служба за септември

Седмица што почнува од 2 септември

Песна 98

12 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Охрабри ги сите, а особено водителите на Собраниска студија на книга, да ја разгледаат статијата „Студирање на Најголемиот човек кој некогаш живеел“ од Наша служба за Царството од септември 1992. Истакни ги главните точки од статијата.

15 мин: „Оди по вера“. Прашања и одговори.

18 мин: „Да ја презентираме добрата вест со позитивен став“. Дај воведни забелешки на темел на 1. пасус. Објасни дека како алтернативна понуда за книгата Создавање, може да се користи книгата Живеј засекогаш или, пак, книгата Семеен живот ако собранието ја има на располагање. Потоа, опфати ги само 2—5. пасус од статијата. Прикажи добро подготвени презентации кои покажуваат како да се понуди книгата Создавање, како да се направи повторна посета и како да се започне студија со книгата Спознание. Потсети дека треба да се спомне подготовката за донација.

Песна 48 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 9 септември

Песна 127

12 мин: Локални известувања. Благајнички извештај. Дискутирај за темата „Проповедај го Царството“.

18 мин: Преглед на собранискиот извештај за 1996 службена година. Изградувачки, одушевувачки говор на надгледникот за служба. (Види ја книгата Наша служба, страници 100—102.) Истакни што добро направило собранието и пофали го. Покажи како активноста на општите и помошните пионери многу направила за да напредува делото во околината. Спомни ги бројките за присуството на состаноците, нагласувајќи ја важноста на редовното присуство. Дај краток преглед на практичните цели за кои може собранието да се обиде да ги постигне идната година.

15 мин: „Да ја презентираме добрата вест со позитивен став“. Разгледај ги само пасусите 6—8 и прикажи презентации од продавница до продавница — и за првата посета и за повторната посета. (Види додатни предлози во Наша служба за Царството од септември 1989, страница 3.) Охрабри ги сите брзо да ги прават своите повторни посети.

Песна 123 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 16 септември

Песна 10

15 мин: Локални известувања. Спомни ги добрите резултати од користењето на видеокасетата Јеховини сведоци — организацијата зад името за да се насочат заинтересираните лица кон Организацијата. Кратко раскажи едно или две искуства од Стражарска кула од 1 октомври 1992, страници 30, 31.

15 мин: „Биди пример во зборувањето и во однесувањето“. Прашања и одговори.

15 мин: Христијанското однесување на училиште. Еден татко зборува со својот син или со ќерката за да ги истакне сериозните замки во училишната средина: ја нагласува потребата да се внимава на друштвото и да се избегнуваат сомнителни активности. Ја разгледува рамката на страница 24 од брошурата Образование, и ја објаснува потребата да се даде добар пример како Сведок. Таткото спомнува некои искушенија што се јавуваат, кои се поврзани со користење дроги, состанување, присуствување на друштвени собири или учествување во спортови; дискутираат како да ги избегнат проблемите. Таткото го охрабрува младото лице да не се двоуми да му се довери кога ќе има тешкотии — тој сака да знае и да му помогне.

Песна 32 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 23 септември

Песна 21

10 мин: Локални известувања. Понуди предлози за тоа како да се спомне подготовката за донации кога се нуди литература, вклучувајќи го следново: „Нашата литература се нуди бесплатно, но ние прифаќаме мали донации за да се поддржи нашето светско дело“. „Многумина нѐ прашале како можеме да дистрибуираме литература без да наплаќаме за неа; ние се радуваме што многу луѓе кои ја ценат нејзината вредност нудат мали донации за нашето светско дело.“ „Нашето дело се поддржува со доброволни донации. Многу луѓе кои се радуваат да ја читаат нашата литература, даваат мала донација за да го поддржат ова библиско образовно дело.“ (Види Наша служба за Царството од декември 1993, страница 7.) Објасни зошто е важно на заинтересираните лица да им се даде можност да помогнат во поддржувањето на нашето животоважно дело.

15 мин: Локални потреби. (Или говор темелен на статијата „Гледај зад работите кои ги гледаш!“ од Стражарска кула од 15 февруари 1996, страници 27—29.)

20 мин: „Проповедај ја добрата вест насекаде“. Прашања и одговори. Опфати ги само пасусите 1—15. Прочитај ги 3. и 5. пасус. Вклучи локални искуства од оние кои имале успех во сведочењето на улица или во јавниот превоз.

Песна 215 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 30 септември

Песна 169

12 мин: Локални известувања. Дискутирај за Рубриката прашања.

20 мин: „Проповедај ја добрата вест насекаде“. Прашања и одговори. Опфати ги пасусите 16—35. Покажи како можат предлозите да се применат локално. Прикажи ги пасусите 23—25. Прочитај ги пасусите 34, 35.

13 мин: Преглед на понудата на литература за октомври. Ќе ги истакнуваме списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Дискутирај за различни точки, како што се: 1) Целта поради која се издаваат списанијата, како што е објаснето во уводните страници. 2) Се издаваат на многу јазици, правејќи го библиското спознание достапно ширум светот. 3) Стражарска кула е наменета за лична, семејна и групна студија. 4) Ги читаат луѓе кои се поврзани со многу различни религии. 5) Лично ќе им ги врачиме последните изданија на секој кој искрено сака да ги чита. 6) Особено се наменети за зафатени луѓе. 7) Стражарска кула се издава од 1879; Разбудете се! од 1919. 8) Ги дистрибуираме бесплатно. (Види Стражарска кула, страница 2; Разбудете се!, страница 4.) Заклучи со тоа што ќе раскажеш коментари од некој читател кој има ценење. (Види Стражарска кула од 15 април 1986, страница 32, англ.)

Песна 3 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели