Настојувај да придобиеш уво што слуша
1 Многу луѓе кои ги среќаваме во нашата служба од куќа до куќа не размислуваат за духовни работи. Можеби се преокупирани со членовите на семејството, со економски тешкотии или лични проблеми. За да се започне разговор, често е најдобро да се зборува за работи кои се од заеднички интерес за многумина во соседството. Може да се користат прашања за да се поттикне интересот бидејќи тоа го вклучува станарот во разговорот. Најделотворни се целисходните прашања кои не ги збунуваат луѓето.
2 Можеш да придобиеш уво што слуша така што ќе користиш пристап сличен на овој:
◼ „Добро утро. Јас сум _____. Живеам во соседството. Многумина со кои зборував утрово се загрижени за [спомени понов новински настан или нешто од локален интерес]. Што мислите, дали Бог имал намера светот да биде ваков?“ Дозволи одговор. Тука може да се покаже трактатот Живот во мирољубивиот нов свет. Ако дозволува времето, накратко разгледај ја илустрацијата на 1. страница и информациите од 1-3 пасус. Ако е утврден интерес, може да се воведе книгата Живеј засекогаш. Можеш да го насочиш вниманието на Псалм 36:9, 10 како што е наведен на страница 157 и да го прочиташ од книгата. Користејќи го уметничкиот приказ на страници 156 и 157, објасни ги праведните услови кои ќе постојат ширум Земјата кога ќе исчезне злото.
3 Секогаш биди подготвен да понудиш Стражарска кула и Разбудете се! Додека го читаш Разбудете се! од 8. јули избери неколку мисли за кои сметаш дека ќе го подбудат интересот кај луѓето на твоето подрачје. Без премногу да се задржуваш на сегашните лоши услови, сврти му го вниманието на станарот на статијата „Може ли да се бори науката со предизвиците на 21-иот век?“ и на врската помеѓу науката и Библијата. Текуштите, како и постарите изданија на Стражарска кула и Разбудете се! можат да се користат не само во посебните денови кои си ги одвоил за нудење списанија туку и во секое друго време.
4 Запомни дека наша цел е да побудиме интерес за пораката за Царството. За да придобиеме уво што слуша, треба прво да го придобиеме вниманието на станарот и да го поттикнеме на размислување. Ова ќе предизвика луѓето слични на овци да сакаат да ‚чујат што ќе им рече Господ [Јехова, NW] Бог‘ во врска со својата намера со човештвото (Пс. 84:8).