ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/04 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2004
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 9 август
  • Седмица што почнува од 16 август
  • Седмица што почнува од 23 август
  • Седмица што почнува од 30 август
  • Седмица што почнува од 6 септември
Нашата служба за Царството 2004
km 8/04 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 9 август

Песна 57

10 мин: Локални известувања и избрани известувања од Наша служба за Царството. Ако предлогот на 8. страница е практичен за подрачјето на твоето собрание, употреби го да покажеш како да се презентира Стражарска кула од 15 август. Може да се користи и друга презентација. Нека се спомне и подготовката за донации. Потсети ги присутните следната седмица да си донесат примерок од брошурата Бара.

15 мин: „Истрајноста донесува награди.“a Вклучи краток коментар од Стражарска кула од 15 декември 2000, страници 22, 23, пасуси 15—18.

20 мин: Користи трактати за да започнеш библиски студии. Говор и дискусија со присутните на темел на Наша служба за Царството од ноември 2001, страници 3, 4. Нагласи дека сме спремни да се приспособиме на околностите на секој студент, како што е наведено во 5. пасус. Вклучи еден или два кратки приказа на темел на пасуси 8—10. Ако некој друг пристап е делотворен локално, нека се објасни и нека се прикаже таа презентација. Замоли ги присутните да раскажат искуства што ги имале додека го нуделе трактатот Сакаш ли да знаеш повеќе за Библијата?

Песна 74 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 16 август

Песна 189

10 мин: Локални известувања.

15 мин: Всадете ја вистината во вашите деца. Говор што се темели на книгата Семејната среќа, страници 55—59. Дискутирај за тоа на кои четири начини родителите можат да им помогнат на децата да изградат близок личен однос со Јехова така што практично ќе го применат материјалот.

20 мин: „Водење напредни библиски студии — дел 2.“b Вклучи петминутен приказ. Објавител прашува старешина како да му помогне на еден библиски студент да напредува. Старешината спомнува дека вообичаена грешка е што во текот на студијата се поминува премногу време во дискусија на детали и додатни мисли што не се од толкава важност. Со помош на 9. лекција од брошурата Бара тој му покажува на објавителот како 1) да се концентрира на главните мисли во материјалот, 2) делотворно да ги користи наведените стихови, и 3) да ја приспособи лекцијата на потребите на студентот. Тој дава забелешка дека е потребна добра подготовка секогаш кога ќе се води студија.

Песна 85 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 23 август

Песна 33

15 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Прикажи како да се презентира Стражарска кула од 1 септември и Разбудете се! од 8 септември. Во една од презентациите прикажи како да му се сведочи на учител.

10 мин: „Нова подготовка за повторување на програмата од собирите“. Говор и дискусија со присутните на темел на статијата на 4. страница. Спомни ги датумите на следниот покраински собир и Денот на специјален собир ако веќе се познати. Оние што сакаат да се крстат треба доста однапред да го известат претседавачкиот надгледник.

20 мин: Понуда на книгата Творец во текот на септември. Говор и приказ. Спомни некои коментари што биле дадени во врска со оваа публикација (w 15.6.99 стр. 25, 26). Изнеси краток преглед на содржината на книгата, и истакни некои конкретни мисли што можат да им бидат привлечни на луѓето на локалното подрачје (km 2/99 стр. 1; km 4/99 стр. 2; km 9/99 стр. 2). Спомни едноставна презентација која содржи увод од книгата Расправљање или од Наша служба за Царството, еден стих, и една мисла или поглавје од книгата Творец. Еден способен објавител нека ја прикаже презентацијата.

Песна 220 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 30 август

Песна 90

10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот за служба на теренот за август.

15 мин: „Школа за оспособување на слуги — голема врата која води во активност“. Говор и дискусија со присутните. Вклучи и коментари од Годишникот за 2004, страници 239, 240. Спомни дека на покраинскиот собир се одржува состанок за оние што се заинтересирани да одат на Школата за оспособување на слуги. Охрабри ги оние што се квалификуваат да присуствуваат на тој состанок.

20 мин: Дали извлече корист? Дискусија со присутните. Разгледај ги следниве предлози што излегоа во Наша служба за Царството во текот на изминатата службена година: Напиши си го уводот на картичка (km 10/03 стр. 8). Дај пофалба што е лична, конкретна и искрена (km 11/03 стр. 1). Сведочи тогаш кога има поголема веројатност луѓето да се дома (km 12/03 стр. 1). Одреди си конкретни термини за да ја читаш Библијата, да се подготвиш за состаноците, и да одиш во служба на теренот (km 1/04 стр. 4). Користи ја брошурата „Добра земја“ за време на личната студија или кога ја читаш Библијата (km 3/04 стр. 2). Постави си цел да ја прочиташ целата Библија (km 4/04 стр. 1). Сведочи на деловно подрачје (km 7/04 стр. 4). Користи трактати за да започнеш библиски студии (km 8/04 стр. 2). Замоли ги присутните да коментираат за користите што ги имале од примената на овие предлози.

Песна 145 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 6 септември

Песна 197

5 мин: Локални известувања.

15 мин: Локални потреби.

25 мин: „Покажувај пионерски дух“.c Накратко интервјуирај еден или двајца пионери. Нека коментираат за тоа како примерот на родителите, старешините или другите ги охрабрил да започнат со полновремена служба.

Песна 142 и заклучна молитва.

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели